Не е доволно само да се погледне, треба и да се види

Не е доволно само да се погледне, треба да се види.




Едно е да ја гледаш Ѕвездата, а друго е да ја следиш.

Знаете ли колкумина ја видоа Витлеемската ѕвезда таа ноќ?

Дали сите ja следеа?

Не.

Затоа тие не го доживеале чудото на Рождеството Христово.

Знаете ли колкумина од нас секојдневно ги гледаат Божјите знаци во животот и не ги следат?

Секој ден Бог повикува и се обидува да не води, да открие вистини и значења, убавини, благодати и благослови, но ние не ја разбираме и не ја следиме Ѕвездата на нашиот живот.

Значи, не е доволно само да се погледне, треба и  да се види.

Не е доволно да гледате, мора да ги следите и патиштата што Бог ги отвора во вашиот живот.

Ѕвездата го покажала патот, а мудреците смело го следеле и ризикувале, поради што го доживеале Рождеството Христово.

Дали ги следиме знаците што Бог ги испраќа во нашите животи?

Како сакате да видите чудо во вашиот живот, кога не ја следите Ѕвездата на вашето срце?

Гледај, осмели се, следи и тогаш во тебе ќе се роди Светлината на радоста и надежта.


Отец Хараламбос Пападопулос

Comments