Деновите течат и минуваат...


 





Деновите течат и минуваат 



Значи, ако сакате да имате некој профит од првиот месец, направете го следново.

Кога ќе видите дека времето е исполнето, заблагодарете му на Господа, зашто Тој ве постави во овој период од години.

Создадете занес во вашето срце, пресметајте го времето на вашиот живот, кажете си:

Деновите течат и минуваат, годините се завршуваат, изминавме долг пат. Што добро направивме?

Оставаме ли овде живот празен и лишен од секаква доблест?

Судот е близу, животот ни тече кон старост.


Свети Јован Златоуст

Comments