АКАТИСТ НА СВЕТИОТ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ СВЕТОГОРЕЦ

  АКАТИСТ НА СВЕТИОТ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ СВЕТОГОРЕЦ



Кондак 1
Просветлен од благодатта Христова, сотрудник на Ангелите, озарено чедо на Божјата Мајка, застапник на оние кои Он ти ги дал, те прославуваме свети оче Гавриле и радосно ти воскликнуваме;
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Икос 1
Ангелски својот живот на земјата го помина блажен, засакувајќи го Бога од раната младост, со сето срце Му се предаде и од љубов кон Него необични подвизи на себе зеде. А ние, слушајќи за твоето натприродно живеење, Го прославуваме Бога, Кој те прослави и со трепет ти восликнуваме:
Радувај се , миомирисен темјан на Исусовата молитва!
Радувај се , силен застапник на својата татковина!
Радувај се, служител на Небесната Скинија!
Радувај се, голема поука на монасите и остави!
Радувај се, над својот манастир непрестано бдееш!
Радувај се, во срцата на верните тивка духовна радост вееш!
Радувај се, на непријателите свои им опрости!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 2
Кога ја виде жедта на твоето срце за Неговата Божествена љубов, преподобен оче Гавриле, Срцепознавачот Господ, Го устрои твојот животен пат, чувајќи те како зеница во своето око, неосквернет од пороците на овој свет, да можеш со чисти усни и срце да Му пееш Нему: Алилуја!
Икос 2
Се радува градот Штип, што изнедри од своите пазуви таква плодна фиданка, тебе, голем Божји угоднику Гавриле.
Со својот праведен живот Христовиот мир низ својот народ си го излевал, православното учење пак, во своите дела си го преточувал. Се радуваме и ние што стекнавме таков силен молитвеник пред Бога, и иако невешти, сепак се осмелуваме да ти ги вознесеме овие искрени пофалби:
Радувај се, благословен пород на твоите побожни родители!
Радувај се, од нивниот добродетелен живот на благочестие се научи!
Радувај се, уште како млад разум на старец си пројавил!
Радувај се, со Христовите начела мудроста на светот си ја мерел!
Радувај се, со мечот на ставот Божји пијавиците на световните наслади ги острани!
Радувај се, од високите воени почести на светот се откажа!
Радувај се , во воена служба на Христос, Твојот Бог, премина!
Радувај се, големината на човековото достојание ја покажа!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 3
Силата на Севишниот во тебе прекрасно се појави, преподобен оче Гавриле. Затоа иако слабо човечко тело на себе носејќи, ти со силите демонски храбро се соочи. Вооружен со постојан пост и молитва, со твоето смирение тешки рани си им нанел, воспевајќи Му на Оној, Кој во тебе нив ги победува: Алилуја!
Икос 3
Малку се зборовите човечки да ја искажеме восхитувачката радост, како ти оче, непрестојано

стражарејќи над својот ум, дремка на своите очи не си им давал и од земен војник , војник на Небесниот цар си постанал. Знаејќи за твојата совесна служба во одбрана на твојот народ и за поставувањето на младината во вистински православен дух, ние уште повеќе го пофалуваме твоето ревносно одење по Христа и со радосни срца ти извикуваме:
Радувај се, земен ангелу и небесен човеку!
Радувај се, за нас немоќните непрестаен молитвенику!
Радувај се, самиот посведочи дека демонскиот род со пост и молитва се истерува!
Радувај се, ракавица фрли во лице на оној кој никогаш не спие!
Радувај се, Христа пред се друго го стави, копнеејќи со сета душа, за Него неа да ја овенчаш!
Радувај се, земната уметност препознавајќи ја како сенка, кон вишната за спасение на својата душа поита!
Радувај се, побожниот порив на својата душа во песна го излеа!
Радувај се, оставајќи го својот скулпторски занает, својата душа во рацете на Небесниот Скулптор ја положи!
Радувај се, од изобилието што светот го понуди, единственото потребно го избра!
Радувај се, нам могу сакан наставнику!
Радувај се, на воскресната радост вешт благовеснику!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 4
Бура на недоумици ни го смутува умот, како со пофалби да ги искажеме твоите неуморни подвизи и ревност по Бога, која во тебе од ден на ден се разгоруваше; претопувајќи се целиот во љубовта Божја, во самозаборав си Му пеел на Возљубениот: Алилуја!
Икос 4
Се радуваме на Божјата милост која врз тебе изобилно се излеа, преподобен оче Гавриле, и на Божјата промисла, која чувајќи те под стапиците на духовниот пакосник, те доведе до Света Гора Атонска. Овде на Чудесен начин те пречека Игуманијата, Пресвета Богородица, и со умиление го благослови твоето доаѓање. Разборајќи ја таквата благонаклоност на Богомајката кон тебе, Божји угоднику, со стравопочит ти воскликнуваме:
Радувај се, го остави светот и се што е во него и на Света Гора се насели!
Радувај се, ревносен учесник во црковните боголужби!
Радувај се, светогорските монаси како свои браќа искрено ги возљуби!
Радувај се, со смирение украсен, богатите плодови на послушанието ги вкуси!
Радувај се, како тугинец на земјата, ништо свое не си имал!
Радувај се, слово на монасите и украс на испосниците!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 5
Како невидлив меѓу браќата си престојувал, свети оче Гавриле, секогаш во моитва пребивајќи, штедлив на зборови, а богат во дела, во скришната одаја на твоето срце Му воспеваше на Свевишниот Бог: Алилуја!
Икос 5
Бура на непријателство од земните власти кон тебе подигна мрзителот на секое добро, кога го виде твоето добродетелно живеење, поттикнувајќи од Света Гора Атонска поради нивна остраственост да те истераат; но Оној, Кој за сите промислува, на чудесен начин те заштити и за гонителите невидлив те направи. Затоа Смирено ти воспеваме:
Радувај се, на земјата прогонуван, а на небестата од ангелите прославуван!
Радувај се, криејќи се во пештера од непријателите, пајакот заштитничка мрежа околу тебе исплете и на тој начин чудесно те заштити!
Радувај се, по заповед Божја, во твоја заштита и змиите отровници застанаа!
Радувај се,искрен љубител на избраниот удел на Мајката Божја!
Радувај се, твоето „Иже Херувими“ уште во гората одекнува!
Радувај се, неуморно си ја прославувал Твојата Силна Помошничка!
Радувај се, зошто в оХриста нема ни елини, ни евреи, ни роб ниту слободен, но сите сме едно во Христа Исуса!
Радувај се, вишна пресметка во животот направи; јас и мојот брат сме едно!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 6
Како што пилињата итаат под крилјата на својата мајка, барајќи топлина, така и ти, преподобен оче Гавриле, си поитал под духовната закрила на старецот Тарјан, за во неговото духовно гнездо да Му воспеваш на Неписливиот Бог: Алилуја!
Икос 6
Сакајќи во се да Му угодиш на Бога, стого си се подвизувал, преподобен оче Гавриле, и на твојот старец послушен до смртта си му бил, со трпение отсекувајќи ја својата волја, поучувајќи не и нас тврдокорните по срце, кои денес на твојот спомен со љубов и пофалби ти принесуваме:
Радувај се, верен послушнику на старецот Татјан!
Радувај се, послушанието како почеток на преобразувањето си го сватил!

Радувај се, со смирение и кротост Божјата волја си ја прифатил!
Радувај се, овде благодатта Ликот Божји ти го долови!
Радувај се, со постојана Исусова молитва беснилото на умот си го стишувал!
Радувај се, со воздржание од телесна храна страстите на телото си ги смирил!
Радувај се, со псалми, молитви и деноноќни славославија, благодатно душата своја си ја хранел!
Радувај се, по смртта на својот старец за наследник на неговиот скит назначен!
Радувај се, во пештерата на скитот „Камена“ топли солзи пред Бога си пролевал!
Радувај се, вивнат во висините на богомислието, за она што е во светот не си се грижел!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 7
Преселувајќи се од место во место, манастирот Свети Павле, како птица која долета те пречека, преподобен оче Гавриле, каде облечен во монашка риза, срцето го отвараше и воспеваше кон троичниот Бог: Алилуја!
Икос 7
Не врзувајќи се со ништо на земјата, премудар оче Гавриле, со искрена вера и детско незлобливо срце целосно се предаде на волјата Божја, и носен од Светиот Дух, се врати во својата Македонија, каде што последното место на твоето земно туѓинување, за нас прво место постана за наше полонување пред Бога – Лесновската света обител, која Господ со тебе богато ја украси. Приоѓајќи кон Твоите свети мошти, со солзи радосници силно шепотиме:

Радувај се, духовен светилнику на земјата Македонска!
Радувај се, со светлината на твојот живот, многу души кон Изворот на жива вода приведе!
Радувај се, строг кон себе подвижнику, а кон болните полн со милосрдие!
Радувај се, добар чувару на стадото Христово!
Радувај се, со оружјето на постот и молитвата, духовниот волк од него далеку си го истерувал!
Радувај се, многу загубени овци од трлото Христово си вратил!
Радувај се, сострадален помошнику на неволните!
Радувај се, благодатен лекару на билните!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 8
Не се сокрива град кој стои на врв планина, неговата светлина свети надалеку, ниту пак се сокри твоето богоугодно престојување во Лесновскиот манастир. Во се угледувајќи се на твојот претходник, светиот пустиножител Гаврил, деноноќно на молитва си стоел и милост за својот народ од Бога си просел, гледајќи умилно кон Бога, со подигнати раце повикувајќи : Алилуја!
Икос 8
Дознавме за чудесното исцеливање на глувонемото дете Георгиј, кое по твоите усредни молитви пред Бога, по завршувањето на Светата Литургија прозборе, како и за чудесното исцеление на детето кое пострада во несреќата, зошто ти, светителу, имајќи срце исполнето со љубов и сострадалност кон ближните, си го смилостивувал Лекарот на душите и телата, да погледне кон немоќните свои чеда и да им подари време за покајание. Затоа, наш голем добротвору, слушни ги овие воскици од недостојните усти:
Радувај се, додека уште беше на земјата, Бог со чудеса те прослави!
Радувај се, лекарите од овој свет на вера во Живиот Бог ги научи!
Радувај се, бегајќи од човечката слава и суета, ризницата на своето срце со молчение и нестекнување си ја збогатил!
Радувај се, многумина од калта на гревот кон чистиот извор на Црквата Божја си ги привел!
Радувај се, по твоите молитви Бог неочекувно испрати дожд на земјата и жителите на Лесново од сиромаштија ги сочува!
Радувај се, зошто просветлен одозгора, сплетките на непријателот бргу си ги препознал!
Радувај се, мудар раководителу на духовната паства!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 9
Страшен знак во вид на огнен столб од небестата се јави,на местото на храмот каде што ти на колена ја молеше Богомајката за целиот цвет, Христов тајнику Гавриле. И до ден денес, трагата од остатокот на небесниот пламен му сведочи на секој кој со страв Божји влегува во Лесновското светилиште и на Бога Му воспева: Алилуја!
Икос 9
Гледајќи ја посветеноста на твојата душа во Божјата служба, Светиот Дух во вишна служба те приведе, епископски омофор на рамена ти постави, огнен меч во рака ти подаде, Милостивата во одбрана на народот те приведе а Ангелот пред тебе книга отвори- самиот ти, со од Бога дадена ти власт, нас по име да не призиваш. Така тогаш, епископе велички Гавриле, со една рака човекот го прифаќаш, а со друга неговата тегоба кон Бога ја испраќаш, Радувај се и послушај:
Радувај се верен слуго на Христос Седржителот!
Радувај се, со смирение епископскиот чин го прифати!
Радувај се, верен следбенику на светиклиментовата грижа за паствата!
Радувај се, подражавателу на свети Наума во молитвеноста!
Радувај се од свети Прохора на странствување се научи!
Радувај се, свети Кирило-Методиевото слово го ширеше!
Радувај се, Игуманијата Атонска во срце ја носеше!
Радувај се, подвижнику помеѓу епископите!
Радувај се, скриен наставнику на монасите!
Радувај се, застапнику и покрову на бездомните!
Радувај се, брз помошнику во неволјите!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 10
Голема благодат на Светиот Дух се изли врз твојата глава, блажен оче Гавриле, зошто преку тебе болни се исцелуваа, ожалостени се зарадуваа, осакатени од гревот на телесната патека кои води кон живот се враќаа, учејќи го да Му пејат на Оној Кој тајно делува во своите слуги, на Добротворот Бог: Алилуја!
Икос 10
Разбирајќи го духот на времето, паднатоста човекова и отклонувањето од учењето и напоменатите на Светиот Дух – не потсети како треба христијанската душа пред Бога да се престави: Веќе умрен за светот, а сеуште присутен на земјата, преминот твој во вечноста ти беше објавен. Кочијата а душата поита да ја подготвиш, а твоите духовни чеда ги утеши, ветувајќи им дека иако заминуваш во Горниот Ерусалим, пак со нив остануваш. Благодарејќи на оваа примерна поука, ние не можеме а да не ти восклукнеме:
Радувај се, имајќи ја за сопатничка помислата за смртта, ти од нејзиното осило не си се уплашил!
Радувај се, како за долгоочекувана средба со неа навреме си се подготвил!
Радувај се ангелите на небесата го прославија твоето претставување пред Бога!
Радувај се, жителите не Лесново чудесен огнен столб над твојот гроб видоа, во знак на твоето блажено упокојување!
Радувај се, по твојата смрт на твоето духовно чедо видот на очите му го врати!
Радувај се, притеснувајќи го своето тело со воздржание, на душата своја рајско насладување во вечните живеалишта и подготви!
Радувај се, твојата душа чиста како невеста, за Женикот ја украси!
Радувај се, на небесните жители радост а на демоните желост им донесе!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 11
Река на исцеленија извира од твојот кивот, свети оче Гавриле, во слава на нашиот Бог, и мноштво народ притекнува во Лесновската обител на поклонение на твоите свети мошти, воспевајќи Му на Оној, Кој таков застапни ни подари, со пофална песна: Алилуја!
Икос 11
На сите страни се расчу веста за новиот лесновски чудотворец, епископот Велички Гаврил Светогорец. Оној кој целиот живот, во тишина на молитвената осаменост како невидлив за светот престојуваше, денес ги собра верните на духовна гозба во местото на својот подвиг, и сите оние кои за помош притекнуваат, исцеление на душевните и телесни слабости добиваат, воспевајќи му на преподобниот:
Радувај се, ново светло на Црквата Охридска и Македонска, кое во мракот на соблазните од овој свет, патот на исправување ни го покажуваш!
Радувај се, ѕвездо исткаена на облеката Христова, која благоизволи Неговите премрежја да ги носиш!
Радувај се ние во тие премрежја препознавме гонења, шлаканици, пликања и понижувања на најмалиот Негов ученик!
Радувај се, вистинската Православна вера и по смртта со прекрасни чудеса ја исповедаш!
Радувај се, со благопријатен мирис од твоите свети мошти силата на воскресението ни ја покажуваш!
Радувај се, на монасите од твојот манастир благодатна утеха им носиш!
Радувај се, учителу на заблудените и благ вразумителу на во грев паднатите!
Радувај се каменот на нашите срца со пламнот на твоите молитви за нас го топиш!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 12
Со умиление гледаме како покрај присуството на твоите мошти, стои гробот со натписот на твојот родител, монахот Кирил. Затоа ти, оставајќи го него заради Христа, ја придоби неговата душа, да му угодува на Бога во монашкиот чин и да му пее непрестано : Алилуја!
Икос 12
Божји слуго на земјата, пријателу Христов на небесата, ти стекна слобода да се застапуваш и за нас грешните, кои го почитуваме твојот свет спомен со радост и љубов ти воспеваме:
Радувај се, преку твоите духовни списи на добродетели се поттикнуваме!
Радувај се, не учиш старите навики зад себе да ги оставиме и добар почеток на покајание да поставиме!
Радувај се во деновите на искушенија и болести кои не снаоѓаат поради нашите гревови, со топла молитва пред Бога за нас да се застапуваш!
Радувај се, по твојот пример многу боготражители во монашки чин на Бога му послужија!
Радуваје се, угледувајќи се на свети Наума, возобновител на монашкиот дух во земјата македонска постана!
Радувај се, нов прозорлив чудотворче!
Радувај се, преподобен Гавриле, нова Лесновска пофалбо!
Кондак 13
О, голем Божји угоднику, редок испоснику и молитвенику за својот род, преподобен оче
Гавриле, прими го нашето пофално пеење, кое иако свесни за својата недостојност, со љубов ти го принесуваме. Помоли се за нас, твоите чеда, пред Владиката Христос, да не избави од соблазните на овој век, да не паѓаме во гревови кои не одалечуваат од Него, Изворот на љубовта, но обратени во покајание, со чисти облеки да го сретнеме на Небесата со ангелсата песна : Алилуја! ( трипати).
Потоа повторно Икос 1 и Кондак 1


Comments