Кога мразот станува посилен, тогаш луѓето се сеќаваат на Сонцето...


 




Кога мразот станува посилен, тогаш луѓето се сеќаваат на Сонцето...




Колку луѓе има, кои својата работа ја вршат на сончева светлина од утро до зајдисонце, без ни да гледаат во Сонцето, без да го почувствуваат Сонцето, без да помислат ниту една мисла за Сонцето!

Колку луѓе има, кои го поминуваат својот живот со светлината, силата и помошта Божја, без ни да погледнат во Бога, без да помислат ниту една мисла за Бога!

А Сонцето молчи без гнев и продолжува да свети непрестајно. И Бог молчи без гнев и продолжува да помага непрестајно.

Но, кога се стемнува, кога падне магла, кога мразот станува посилен, тогаш луѓето се сеќаваат на Сонцето, се свртуваат кон Сонцето, го фалат Сонцето, воздивнуваат по Сонцето.

Така и кога има несреќи, сиромаштија, беспомошни страдања и тесен ќорсокак, луѓето се сеќаваат на Бога, се обраќаат кон Бога, Го слават Бога, воздивнуваат за Бога.


Свети Николај Велимировиќ


 Размислувања за доброто и злото

Comments