Зборовите од Светото Писмо кријат чисто злато во нив...
Зборовите од Светото Писмо кријат чисто злато во нив
Отец Евсевиј Матопулос (1859-1929) одел во мало кафуле и таму учел или подобро кажано се нурнал во Новиот завет, кој секогаш го чувал кај себе.
Го прашал еден човек кој минувал.
– Што читаш, оче Евсевиј?
– Словото Божјо, чедо мое, Евангелието.
– А што вели, што читаш?
- Блажени се сиромашните по дух зашто тие се...
По неколку денови човекот повторно помина и го најде повторно како чита.
– Што читаш денес отец, до каде си?
- Блажени се сиромашните по дух...
- Ти си сеуште тука на истиот пасус? Колку дена го читаш истото?
– Не читам дете мое, јас учам. Зборовите од Светото Писмо кријат чисто злато во нив.
Потребно е учење и повторно учење и повторно учење, денови, недели, можеби дури и цели месеци заедно за да може да го извади ова богатство на површина!…
Comments
Post a Comment
Напиши коментар