Каменот што произведувал брашно...
Каменот што произведувал брашно
Една верна христијанка, пред неколку години, беше тешко испитана од ударите на човечката неправда и напуштање.
Поради ужасна клевета нејзиниот сопруг ги зел нивните четири деца и исчезнал. Таа падна во ужасна состојба.
Нејадеше со денови. Никој не сакаше да знае за неа, никој не ѝ тропна на вратата и сите и го свртеа грбот. Сите веруваа во она што нејзиниот сопруг го напиша по целата улица.
Со големи букви имаше напишано: „Жена ми е курва“!
Но, таа никогаш не ја напушти својата вера во Бога, нејзината молитва со порои од солзи. Дваесет дена без ништо, само вода. Дваесет дена глад и сиромаштија.
Дваесет и првиот ден зеде камен, отиде пред иконите и му рече на Христа:
Господи, ти што одби ѓаволот да ги направи камењата леб, направи ми од овој камен брашно да живеам и ослободи ме и избави ме од клеветата на луѓето.
Со три прста направила Крст и го удрила каменот. И - о чудо! - се отвори дупка во каменот и почна да тече брашно! Четириесет дена директно, од дупката течеше брашно!
Нејзината вера стана посилна, таа буквално растеше. Таа се бореше преку молитва и вера и клеветата беше откриена, вистината заблеска и сите паднаа пред нејзините нозе да побараат прошка.
Денес живее со децата и внуците на село, среќна и сталожена. Нејзиното лице оттогаш сјае од радост и мир и со силата што ѝ ја дава верата.
А каменот го чува како наследство во иконостасот!
Од книгата Духовни патувања во блаженствата на отец Стефанос Анагностопулос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар