Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете...


 




Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете



Никогаш не губете ја надежта за спасение и викајте кон Бога и плачете. Бог никогаш не превидува душа која сака да се спаси и се покае, дури и ако е ранета во борбата.

Бог знае колку е слаба нашата природа. Каде ќе најде глината сила да го издржи притисокот на водата, ако Бог не ја испече со благодатта на Светиот Дух?

Знае како непогрешливо око дека штом не остави, паѓаме и пропаѓаме. Затоа не дава да бидеме искушувани, како што сака ѓаволот.

Да не остави, ќе не фрли сите во пеколот, но добриот Бог го спречува и  остава колку што може секоја душа да издржи.

Колку и да бидеме ранети во борбата, да не се обесхрабруваме, туку да си ги санираме раните и да ја продолжиме борбата. Гледајќи го нашиот напор и малата волја на нашето спасение, Бог ќе ни ја даде победата.

Големо зло е борецот да ја загуби храброста во борбата, бидејќи веднаш противникот влетува со решение за да го победи.

Затоа, чедо мое, дај храброст на душата и надеж. Ќе умрам во борбата за Божјата слава, така да се каже, наместо да го натажувам мојот Бог со откажување од мојата борба против ѓаволот.


Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 

Comments