Што беше ѕвездата на Витлеем?...


 




Што беше ѕвездата на Витлеем?





Прекрасни и чудни работи!

Во Јудеја - каде што постоеле пророците, патријарсите, праведниците од Стариот Завет - пораката за раѓањето на Синот Божји ја донеле незнабошците, мудреците од Исток!

Тие патувале долг пат за да го видат и да му се поклонат, и

додека талкаа наоколу прашуваат: Каде е Јудејскиот цар?

Токму затоа и ѕвездата била сокриена, па мудреците, губејќи го својот водич, да бидат принудени да ги прашаат Евреите и на тој начин и нив да ги придвижат во потрага по новородениот Месија.

Добро знаеле и биле сигурни дека е родена голем личност, бидејќи така им кажала ѕвездата.

Бог не им испрати пророк, затоа што не сакаа да Го примат, ниту можеше да им зборува со Писмото, бидејќи тие не ги познаваа.

Затоа им испрати знак познат и достапен за нив.

Ѕвездата на мудреците не беше една од оние што ги гледаме на сводот на небото во ноќните часови.

Тоа беше некоја рационална и невидлива сила, ангел, која доби форма на ѕвезда.

Како можеме да бидеме сигурни во ова?

Неговиот тек ни го докажува тоа. Тој не оди од исток кон запад, туку од север кон југ, бидејќи Палестина е на југот на Персија.

Тоа е видливо и преку ден, што е невообичаено за ѕвезда. Исчезнува во областа на Ерусалим и повторно се појавува кога мудреците ќе го напуштат.

Дури и кога ги одвел до јаслите, не им се јавува од небото, туку застанува токму таму каде што било детето, над Неговата глава.

Да беше само ѕвезда, немаше да може да покаже толку ограничен простор.

Сите добро знаеме дека поради нејзината преголема висина не е возможно ѕвездата да ја одреди ни локацијата на цел град, а камоли мала точка во него.

Но, оваа ѕвезда на новородениот Крал покажа на малото место на јаслите и откако безбедно ги одведе мудреците до него, се оддалечи; и тоа не е карактеристика на обична ѕвезда.


Свети Јован Златоуст 

Comments