Луѓето, старче, бараат светлина... Бараат да пијат вода од бистри извори...
Луѓето, старче, бараат светлина... Бараат да пијат вода од бистри извори...
Еднаш еден новинар го посети старецот Клеопа Илие и му рече:
Луѓето, старче, бараат светлина... Бараат да пијат вода од чисти извори...
А Старецот инспирирано додаде:
Да! Луѓето, сепак, имаат Светлина!
Светото Евангелие!
Пророците!
Апостолите!
Светите Отци!
Големите Исихасти!
Милиони наши маченици!
Па, тие мора да добијат светлина!!
Ама од мене, кој сум грешен и слаб човек, што да земат...
Односно, ако Апостол Павле апсолутно верувал во она што го пишува во своето писмо до Евреите:
Христос дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои јас сум првиот (1. Тимотеј 1:15), јас и секој од нас, во што да веруваме за себе? Затоа, заблуда е да мислиме дека имаме способност да пренесуваме Светлина... Барем никого да не скандализираме и понизно да се бориме за нашиот спас.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар