Сите ние страдаме на земјата и бараме слобода, но малкумина знаат што е слобода, каде е.
Сите ние страдаме на земјата и бараме слобода, но малкумина знаат што е слобода, каде е.
И јас сакам и слобода, и ја барам дење и ноќе. Дознав дека таа е со Бога и е дадена од Бога на смирените срца кои се покајале и ја прекинале својата волја пред Него. На покајаникот Господ му го дава Својот мир и слобода да Го љуби. И нема ништо поубаво на светот од тоа да го сакаш Бога и ближниот. Во тоа душата наоѓа мир и радост.
О, народе на целата земја, пред вас паѓам на колена и со солзи ве молам: дојдете кај Христа. Ја знам Неговата љубов кон вас. Знам и затоа викам на цела земја. Ако не знаете нешто, како ќе зборувате за тоа?
Вие прашувате: „Но, како можете да го запознаете Бога“? А јас велам дека Го видовме Господ преку Светиот Дух. А ти, ако се понизиш, тогаш Светиот Дух ќе ти го покаже нашиот Господ; и ти, исто така, ќе сакаш да викаш за Него до целата земја.
О, стар сум и ја чекам смртта, а вистината ја пишувам од љубов кон луѓето за кои тагува мојата душа. Можеби барем една душа ќе биде спасена; и за тоа ќе му благодарам на Бога; но моето срце боли за целиот свет, и се молам и роам солзи за целиот свет, сите да се покаат и да го спознаат Бога и да живеат во љубов и да уживаат во слободата во Бога.
О, сите луѓе на земјата, молете се и плачете за вашите гревови, за Господ да прости. Таму каде што има простување на гревовите, има слобода на совеста и љубовта, макар и мала.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар