Тоа е за восхит и за осуда
Тоа е за восхит и за осуда
Од Светото Писмо научивме за два вида на богатство. На едното треба да му се восхитуваме, а другото да се осудува.
Богатството на доблести е за восхит, додека материјалните и земните нешта се осудени. Затоа што едното станува сопственост на душата, додека другото е умно да ги измами сетилата.
Затоа Господ ни забранува: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат (Матеј 6:19).
И нè принудува да покажеме подготвеност за богатството на повисоки добра, кои моќта на распаѓањето не ги допира. А кога вели молци и крадци, мисли на оној што го уништува душевното богатство.
Свети Григориј Ниски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар