Апокалипса на Свети Антониј на осамена благодат

 Апокалипса на Свети Антониј на осамена благодат



Свети Антониј рекол: Го молев Бога, молејќи го да ми покаже со каква помош монахот е обдарен со благодатта на спасението, а тој ми покажа голема огнена светлина и мноштво вооружени ангели, кои го опкружуваат монахот кој сака да биди спасен. И се слушна глас од Светиот Дух кој им рече на ангелите: Во целиот негов живот не отстапувајте од него.
Кога видов толкава помош, воздивнав и си реков. Тешко тебе, Антониј! Колку помош ти пратил Бог за да те заштити а ти си несовесен!
Повторно се помолив и реков: Господи, како ѓаволот го мами и заведува монахот, кога е опкружен со толку голема помош?
И повторно го слушнав тој глас како ми вели: Знај дека ѓаволот нема моќ да го победи монахот затоа што со моето Воскресение ја скршив неговата моќ, но секој е поразен од сопствената негрижа .
И реков: Господи, дали сите монаси имаат таква помош?
И Господ ми покажа големо мноштво монаси и секој од нив имаше своја лична помош која првпат ја видов, односно голема огнена светилка и околу него војска ангели.
Кога ги видов овие работи, реков: Блажен е родот христијански, а особено блажени се монасите кои имаат за свој помошник еден таков добар, човекољубив и милостив Господ.
Затоа, браќа, со внимание да се грижиме за спасението на душата, за да го бараме Царството Небесно, по благодатта и милосрдието на нашиот Господ Исус Христос, Кому му припаѓа сета слава заедно со Отецот и Светиот Дух во вековите на вековите.


Амин 

Comments