Ако не помогнеме, нема да ни биде помогнато...


 


Ако не помогнеме, нема да ни биде помогнато.


 Еден Индиски мисионер, наречен Садху, еднаш ги преминал замрзнатите земји на Тибет проповедајќи им го Евангелието на паганите и домородците.

 Со себе имал дури и сопатник.

 Еден ден студот бил толку неподнослив што им се заканувало замрзнување.

 Во еден момент наишле на човечко тело на сред пат, премрзнато и речиси без свест.

  Садху му кажа на својот сопатник:

 - Ајде да го однесеме овој човек во колиба.

 Сè уште е жив!  Можеби ќе стигнеме да го спасиме...

 -Не можам му одговори сопатникот, за да не се оптоваруваме со толкава тежина... и си продолжи сам.

 Садху, сепак, не можеше да продолжи.

 Чувствуваше обврска да помогне во овој случај.

 Така го стави човекот на грб и полека почна да оди.

 Од преголемиот напор на Садху, неговото тело станало топло и испотено и оваа топлина се префрлила на замрзнатото тело на човекот што го носел, поради што се вратил во живот.

 Така наскоро и двајцата одеа еден до друг, славејќи го Бога!

 Отидоа далеку и го најдоа сопатникот на Садху на средината на патот лежеше.

 Беше мртов!

 Неговото тело беше замрзнато…

 Имаме должност, браќа, да му помогнеме на човек што има потреба, колку што можеме.

 Затоа што ако не помогнеме, еден ден и ние ќе се најдеме во неволја и тогаш нема да има кој да ни помогне,

 како што се случи со сопатникот на Садху.


 Димитриос Панагопулос

Comments