Кога имаш љубов, ќе го имаш Бога, а кога го имаш Бога, ќе имаш се!

 Кога имаш љубов, ќе го имаш Бога, а кога го имаш Бога, ќе имаш се!


Најголемата среќа, слава, чест, како и најголемото богатство на луѓето е љубовта еден кон друг.
Повеќе сакаш да имаш љубов и да си сиромашен, отколку да си богат и да немаш љубов.  Кога имаш љубов, ќе го имаш Бога, а кога го имаш Бога, ќе имаш се.
Покајанието не само што му нуди прошка на грешникот, туку го прави од грешник, во еден момент, праведен, од непријател, пријател и близок на Бога.  Мора да имаме вистинско покајание онолку пати колку што грешиме.
Луѓето денес не се осветуваат, затоа што не сакаат,брзаат, не го сакаат Бога и небесата и не ги држат Неговите заповеди... Причината доаѓа од нас самите.  Тоа доаѓа од нашата лоша намера, од нашата негрижа, од малата љубов што ја имаме кон Бога и небото и од нашата голема приврзаност кон материјата и световните работи...
Гордоста е коренот и причината за сите гревови, сите зла, сите ереси, несреќи и таги, а повеќе од сите несреќи и неволји, тоа е лишување од благодатта Божја.
Писмата и науките, без морал, побожност и доблест, се бескорисни и штетни.  Но, кога моралот и доблеста одат рака под рака со побожноста, тогаш тие даваат многу и големи плодови.
Без Светата Тајна на покајание и исповед, малку или ништо би се спасило.  И целиот наш живот е добредојдено време за покајание и спасение.  Среќен и блажен е оној кој ќе умре во покајание.
Ако внимателно и разумно се испитаме, тогаш ќе откриеме дека сме во сè маани, и грешни, и самољубиви, и суетни, и човекољубиви и горди... Немаме искрено покајание не им ги простуваме гревовите на нашите браќа.  Да имавме жестока вера, чиста љубов и вистинска понизност, никогаш не би згрешиле.

Преподобен Филотеј Зервакос

Comments