Ќе ви раскажам за еден настан што се случи пред десет години и ја покажува длабоката почит и поврзаност на народот кон своите Светии. Еден сиромав човек не можел повеќе да живее на планините во Црна Гора сакал да замине во Америка, но немал пари за билет. ᾿ Така дојде кај Свети Василиј Острошки, застана пред кивотот каде што е неговото тело и рече: Светителу мој, ќе ти земам од пари за да го платам билетот до Америка и ќе ти вратам двојно повеќе. Ја стави раката во кутијата каде што беа парите и ги зеде… Ги зеде со договор со Светителот и вети дека ќе ги врати. Кутијата беше отворена и луѓето ги оставаат парите колку можеа. Ги зеде од нозете на Светителот… Така за две години му испратил пари на својот кум, кој ништо не знаел, пишувајќи му: Оди и остави ги во кутијата на Свети Василиј. Кумот отишол да ги стави во кутијата, но штом ги ставил, половината испаднале. Ги врати назад и пак паднаа, и пак истото. Се исплаши, му кажа на монахот што беше таму, а тој му рече: Нешто се случува, Светителот не ги сака вашите пари. Човекот му го кажал случајот, а монахот го советувал да му пише на својот кум во Америка и да го праша што се случило. Така се дозна и докажа дека Светиот не сака пари со камата!..
Comments
Post a Comment
Напиши коментар