Да научиме да живееме - навистина - во Црквата...


 


Да научиме да живееме - навистина - во Црквата.


 Со звукот на камбаните, со темјанот и свеќите, со бдението, со постите и празниците, со радоста и покајанието, со духовните оди и тивките молитви.

 Во Црквата коегзистираме и проститутки и девици, пијаници и умерени, зборлести и молчаливи, лакоми и посни, среброљубиви и милосрдни, семејни поглавари, монаси, богати, сиромашни, образовани, неписмени, славни и незабележителни; сите со страсти и доблести, со слабости и силни страни, со падови и воскреснувања, но сите несовршени, сите просјаци на благодатта.

 Ние сме во Црквата затоа што сме жедни да го надминеме компромисот со гревот.  Не сме тука затоа што го надраснавме.  Овде сме затоа што сме болни и не здрави, парализирани сме и неспособни.

 Во Црквата остануваме во потрага по Вистината, Христос.

 Живееме за да не дојдеме до крај, бидејќи познанството што го бараме никогаш не завршува.  Во суштина нема цел, има само еден правец, еден пат до Христос.  Стрелата на животот нека трча кон Него Бесконечниот.

 Христос е повеќе пат отколку цел, повеќе искачување отколку врв.

 Што и да читаш, што и да ти кажам, само ти ќе го најдеш Бог.  Затоа што Бог се открива себеси кога сте сами, таму на крајот од вашата лична глад за Него...


Архимандрит Павлос Пападопулос 

Comments