Свети Софрониј Сахаров зборува за Христос и за национализмот

Свети Софрониј Сахаров зборува за Христос и за национализмот


Ако, како што исповедаме во Символот на верата, Христос е вистинскиот Бог, Спасителот на светот, Творецот на вселената, како да ја помириме оваа наша теорија со идејата за националност, место, време…?

Не го познавам Христос како  грчки, руски, англиски, арапски… Христос е сè за мене, трансцедентното Битие.

Во Библијата често се вели дека Христос умре за целиот свет, за гревовите на сите луѓе. Штом го ограничиме лицето Христово, штом го спуштиме на ниво на етникуми, губиме се и тонеме во темнина. Потоа се отвора патот за омраза меѓу народите, за непријателство меѓу општествените групи.

Секој што го сака Христос ги асимилира и ги носи во себе чувствата што ги имал Исус Христос, го живее човештвото како Адам, се моли за „Целиот Адам“. Ова е вистинското христијанство.

Христос е бесконечниот Бог. Тој беше распнат не само за верниците, туку и за сите луѓе, од Адам до последниот роден од жена. Да се ​​следи Христа значи да се страда, за да се исцели и спаси целото човештво. Не може да биде поинаку.


(Извор: Архим. Софрониј, За духот и животот, Есекс Англија 1995 година, стр. 26-28.)

Comments