Ги гледате туѓите грешки, затоа што не ги гледате своите
Старче Пајсиј, зошто често паѓам на критики?
Затоа што премногу се занимавате со другите. Љубопитни сте за сестрите и сакате да знаете од љубопитност што прави едната, што прави другата. Така собираш материјал, да работи ѓаволот и да те фрла на критики.
Зошто, старче, додека првпат не ги гледав грешките на другите, сега ги гледам и ги критикувам?
Сега ги гледаш грешките на другите, затоа што не ги гледаш своите.
Од каде помисла за критика, старче?
Од помислата што ја имаме за себе - односно од гордоста - и од желбата да се оправдаме.
Свети Пајсиј Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар