Да видиме што е православие и што е благодатта на Светиот Дух!
Да видиме што е православие и што е благодатта на Светиот Дух!
Еден Американец отишол со своето друштво во манастирот Свети Антониј Велики во Аризона. Во еден момент, старецот Ефрем излегувал од келијата каде вршел исповед на светот и го прашува младиот Американец:
- Дали имаш добар, модерен мобилен телефон, дете мое?
- Зошто ме прашуваш- зачудено рекол младичот.
- Сакам да се јавиш во еден манастир на Света Гора, за да разговарам со тамошниот манастир, му одговори старецот.
Старецот го дал бројот на манастирот и му рекол на младичот:
- Дете мое, јави се околу еден час и штом ти одговорат дај ми го телефонот да разговарам.
Навистина, по еден час младиот човек се јавил во манастирот на Света Гора и му рекол на монахот кој одговорил телефонот на американски јазик дека старецот Ефрем од Аризона сака да разговара со нив. Додека го зборувал тоа, младиот Американец отишол во ќелијата на старецот Ефрем, да му го даде телефонот.
Монахот од Света Гора се изненадил од телефонскиот повик и му рекол на младичот дека старецот Ефрем е во нивниот манастир и дека сака да разговара со него!
И го слуша старецот Ефрем како разговара со него од другата страна на линијата и му вели:
- Ајде момче мое Џон (така се вика младиот), затоа ти реков да ми се јавиш, да разговараме! Јас сум од Света Гора, а вие од Аризона!
Да видиме што е православие и што е благодатта на Светиот Дух! Се гледаме наскоро Џон!…
Така му рекол старецот и ја спуштил слушалката.
Младиот Џон остана шокиран! Штом се опоравил од шокот отишол, ја отворил вратата од исповедалницата и видел дека старецот Ефрем не е внатре...
Потоа отишол до своето друштво и почнал да зборува за своето искуство со своите пријатели. И кога го заврши раскажувањето, старецот Ефрем излезе на исповедничката врата и му рече:
- Џон, дојди да се видиме!
-……..
Овој настан стана повод младиот човек да се откаже од световните работи и да се замонаши во манастирот Свети Антониј Велики.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар