Зошто душата е како воденички камен?...



 





Зошто душата е како воденички камен?




Ава Касијан отпатува во Египетската пустина и зборуваше со Авва Мојсеј и го праша зошто душата личи на воденички камен?

Оваа внатрешна работа ја разбираме подобро ако ја споредиме душата со воденички камен, кој струјата на водата постојано го врти околу својата оска и кој никогаш не престанува да се врти додека водата тече.

Но, воденичарот има способност да одлучи дали да меле пченица, овес или плевел. Воденицата е должна да сомеле што и да и фрли воденичарот.

Истото се случува и во човечката душа. Во искушенијата на животот, душата ја покренуваат пороите на искушенија кои ја обземаат и таа повеќе не може да се ослободи од струјата на помислите.

Меѓутоа, самата душа со својата борба и со своето внимание се грижи за видот на помислите што мора да ги прифати или отфрли.

Зашто, како што рековме погоре, ако постојано го спомнуваме Светото Писмо и ако го подигаме својот ум високо, така што тој се занимава со духовни работи и посакува совршенство и идно блаженство, произлегува дека од оваа духовна окупација на умот ќе ни дојдат и духовни помисли.

И овие помисли ќе го натераат умот да се препушти на оние што ги имал пред да научи.

Меѓутоа, ако нè обземе мрзеливоста и негрижата, ако времето го поминуваме во бесмислени муабети или ако се заплеткаме во грижите на овој свет и залудни желби, тогаш ќе никне пиреј, кој потоа деструктивно ќе се шири во нашето срце.

И тогаш, како што рече нашиот Господ и Спасител: зошто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Мт. 6, 21).


Свети Касијан Римљанин

Comments