Носачот кој воскресна мртовец

 Носачот кој воскресна мртовец


Свети Пајсиј Светогорец го кажа следново:

Еднаш запознав човек кој беше многу љубезен и чувствителен. Можете ли да замислите, тој дури одбил да преноќи во манастирот затоа што не сакал да им биде товар на монасите. Бев домаќин во манастирот Иверон кога излегов на балконот малку по пладне и видов човек како лежи на камењата надвор. Се прашував што прави таму. Па се симнав кај него да проверам.

- Што правиш овде, благословен човеку? Зошто не дојдете во манастирот каде што можеме да ви го покажеме нашето гостопримство?

„Не, не, тука сум, добро сум, не грижи се“, одговори тој.

Инсистирав да дојде, но тој одби. Рече: - Отците дежураат цела ноќ. Уморни се, постат, на ручек се одмораат малку, а сега да одам да ги вознемирувам? Не е во ред!

Видете колку паметно резонираше? Ова е знак на ментално и духовно здравје, додека други посетители доаѓаа и очекуваа да бидат услужени и имаа главно лоши мисли во себе - дури понекогаш нè напаѓаа со обвинувања. Конечно го убедив и го одведов во манастирот каде што подобро се запознавме и на крајот станавме пријатели.

Сега слушнете што направи овој човек. Многу рано останал без родители. Израснат во сиропиталиште. Кога пораснал, почнал да работи како носач на пристаништето во Солун.
Се ожени и тоа му донесе многу среќа, бидејќи го најде семејството за кое долго сонуваше. Нејзините родители му беа како негови родители. Тој се преселил со семејството во близина на нивната куќа и многу ги сакал. Замислете, по завршувањето на работниот ден прво поминал кај нив да ги поздрави и да види дали им треба нешто, па дури потоа си отишол дома кај сопругата.

Беше и многу побожен. Ја повторувал молитвата: „Господи мој Исусе Христе, помилуј ме“ Носеше товар и се молеше.

Сепак, тој беше загрижен за нив дека се неверници. Всушност, таткото на женаму дури и почнал да хули, што многу го растажи. Затоа, тој се молел на Бога, барајќи од Него да не ги земе родителите на неговата сопруга пред да се покаат. Тој дури ме замоли да го молам Бог и за ова.

Меѓутоа, едно време, на таткото на жена му толку му се слошило што морал да биде хоспитализиран. Таму остана со денови. Еден ден, како и обично после работа, носачот  отишол директно во болница без претходно да ја помине својата куќа. Го побарал таткото , но не го нашол во својата соба.Го бараше насекаде, го бараше наоколу. "Каде е? Каде е тој? - прашуваше. Му одговорија дека умрел. „Го симнаа во мртовечница“, му рекоа.

Имаше чувство како да го удрил гром. „Зошто, Господи, го зеде кога уште не беше подготвен и не му беше дадена ниту шанса да се покае? Зошто Господе? - помисли и почна сериозно да го моли  Бога.

Тој се упати кон  мртовечницата, само за да го најде таткото на неговата сопруга вкочанет и мртов. Му ја стисна раката и  рече: „Ајде, стани! Ајде да си одиме дома!“ Мртвиот веднаш оживеал, станал и тргнал по зетот.

- Старче Пајсиј, дали навистина се случи ова? - го прашав занемеен.

- Да, тоа е апсолутна вистина.

- А оваа личност е жива и денес?

- Не, умре, живееше уште неколку години, се покаја, стана многу побожна личност, вистинско јагне, а Христос го однесе во Рајот.

Бев зачуден.


- Дали навистина се случуваат вакви работи деновиве? - го прашав со изненадување.

- Можеш ли да видиш? И тој беше обичен носач. Но, тој поседуваше таква едноставност!  И толку длабока вера. Нели Христос рекол: „кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши..“ (Јов.14:12)

 Зошто оваа приказна ви изгледа толку чудна? Нели Христос ги воскресна мртвите? А Лазар? А синот на вдовицата?Ќерката на Јаир?Нели апостолите воскреснаа мртви?Зар не сме читале за многу чуда во животот на светиите?Зошто ова ни изгледа чудно?


Приказна од книгата „Ми кажа старецот Паисиј“, од Атанасиј Раковалис

Comments