Три збора за носењето на Крстот

 Три збора за носењето на Крстот


Да не се фалам освен со Крстот на нашиот Господ Исус Христос, вели Светиот Апостол Павле. Како Светиот Апостол дошол до таква душевна состојба што не сакал да се фали со ништо друго, освен со Крстот Христов? Крстот во секој поглед е тага, теснотија, понизување; како можеш да се пофалиш со тоа? А сепак Апостол Павле се фали со него; се разбира, со него се фалеле сите Апостоли, а потоа и сите други крстоносци. Зошто е тоа така? Светите ја увиделе големата важност на Крстот, многу го ценеле и се фалеле дека се достојни да го носат. Наместо теснотија, во него видоа широчина, наместо тага, сладост, наместо понижување, величина, наместо срам, слава, и се пофалија со него, како што другите се фалат со некаков величенствен украс и одликување.

О, кога Господ би ни дал такво чувство и склоност да ја разбереме и почувствуваме силата на Крстот и да почнеме да се фалиме со тоа!

Свети Јован Златоуст

Comments