Она што ќе се случи е во Божја рака, а не во наша...


 


Она што ќе се случи е во Божја рака, а не во наша



 Еднаш еден старец излезе од Света Гора со својот монах во Солун. Тие одеа на лекар.

Една циганка го пресретнал на патот и му вели на старецот:

Дедо да ти ја кажам судбината? Дај ми ја раката.

Старецот ја отвори раката, циганката се наведна замислено да ја прочита судбината на старецот. Во тој момент, пред таа да проговори, тој и удира шлаканица.

Циганката почна да протестира:

Зошто ме удри?

Па - ѝ вели старецот - не можеше да ја видиш шлаканицата што ти доаѓаше во тој момент а не пак ќе видиш што ќе се случи во мојот живот за пет до десет години?

Така е. Што ќе се случи е во Божја рака, а не во наша. Ако сака покажува, ако сака се крие. Нека е благословено! Нека е благословено името Господово! Нека е благословено името Господово!


Извадок од книгата на отец Спиридон Василакос „Дојди светлина...“ Средба со Свети Ефрем Катунакиски 


Comments

  1. Господи Боже Исусе Христе нека биде волјата твоја.Амин

    ReplyDelete

Post a Comment

Напиши коментар