Секогаш да се повикуваме на Богородица

 Да побрзаме, драги Христови љубители, со покајание и исповед да се очистиме од секаков грев, пред да дојде часот и моментот на смртта. Секогаш да се повикуваме на Богородица, старци, млади, жени, деца. Сите во устата да го имаме името на Богородица. Наутро кога ќе станеме, навечер кога ќе се одмориме, името на Богородица, Исус и Неговите Светии да не ни изостане од уста. И кога сме здрави и кога сме болни и кога крвариме, да издишуваме со името на Богородица и Исус во устата, за да се славиме со нив во вековите. Амин.

Свети Филотеј Зервакос

Comments