Покајанието е возилото за очистување, благодат и просветлување...


 




Покајанието е возилото за очистување, благодат и просветлување



Оној што се кае, чувствува многу силна привлечност кон Бога, која го обвива целото негово битие и на умот и срцето му дава посебна и горлива жед за Господа, додека тој почнува да ја бара Светињата над Светињите.

Човековата силна желба да му пристапи на Бога, со интензитетот и жарот што го карактеризира, го прочистува неговото срце од секој туѓ елемент. Сега слободна, таа може со сиот свој поттик да се упати кон барање на Господа...

Колку подолго човекот останува во молитвата, толку повеќе јачината и жарот на неговото покајание ја привлекуваат богатата благодат на Светиот Дух.

Неговото тело се зајакнува со богатата благодат на Светиот Дух. Телото се зајакнува со благодатта да издржи понатамошни духовни вежби, додека истата енергија на молитвата го отвора неговото срце, така што неговите најскриени тајни се откриваат и прочистуваат.

Секој дел од неговата душа ќе го прими просветлувањето и тајното Господово водство на патот кон неговото целосно обновување.



Архимандрит Захарија Захару

Comments