Со љубовта кон Бога и кон ближниот припаѓам на небесата...


 



Со љубовта кон Бога и кон ближниот припаѓам на небесата



Со љубовта кон Бога и ближниот припаѓам на небесата, јас сум небесен човек. Со моите земни грижи јас припаѓам на земјата, јас сум човек од земја.

Љубов! Со љубов кон Бога и ближниот се може да се освои и ништо да се изгуби. Зашто каде што е љубовта, таму е и Бог. А Бог е сè за нас, нашиот живот, нашата радост.

Парадоксално е како ѓаволот успева и ни ја одзема Божјата љубов, нудејќи ни толку евтини размени. Пари, храна, пијалоци, облека, куќи, световни вредности, сето тоа поминува и пропаѓа. Заедно со нивната мајка земјата. Заедно со нашето тело кое исто така е расипливо.

Сети се на Љубовта која го даде својот живот за луѓето. Така и вие доброволно ги жртвувате желбите на вашето тело за љубовта на вашите браќа.

Да му служиш на Господа достојно, со непоколеблив став, жива вера и длабока почит, за време на Божественото Богослужение, кое се одржува во Храмот, е извор на мир, радост и благослов.

Така, благочестивиот свештеник, кој ја служи Литургијата, таинства и други Литургиски дела, во исполнувањето на овие должности наоѓа највисоко духовно задоволство и секој благослов за себе.


Свети Јован Кронштатски 



Comments