Љубовта бара посебна деликатност

 Љубовта бара посебна деликатност. 

Можете да бидете искрени и посветени, а сепак во говорот и делувањето можеби нема доволно таа нежност што толку многу ги освојува срцата. Еве еден совет: не покажувајте лошо расположение и навредени чувства, не зборувајте луто, не се однесувајте лошо. Ниту една жена на светот нема да биде позагрижена за грубите или непромислени зборови што излетале од вашите усни како вашата сопруга. А најмногу на светот плашете се да ја вознемирите. Љубовта не ви дава право да бидете груби кон саканиот. Колку е поблиска врската, толку е поболно за срцето од поглед, тон, гест или збор што говори за раздразливост или едноставно е непромислен.

Светата маченичка царица Александра Фјодоровна Романова

Comments