Тивки денови... благословени...


 



Тивки денови... благословени...



Денови кога се соочуваш со тишината на самиот себе, но и со врисоците на непријателот.

Денови кога ќе влезете во арената очи во очи со помислите.

Денови на надворешна смиреност но во кои сфативме колкава бура имаме внатре.

Денови кога твоето минато те прогонува во тишина. Ве прогонуваат сликите на стапалките што ги оставивте на патот на вашата лична историја.

Најголемите, но благословени битки се водат во тишината моментите кога заматувањето и космичките испарувања заминуваат, а голотијата на нашето јас останува.

Време е да се водат духовни битки, време е коленото да остане на подот, а срцето да се искачи на небото. Дојде време јасно да ги видам моите „гребнатини“ кои порано ги благословував како доблести.

Дојде време кога внатрешните прашања ќе бараат одговори. Одговори кои често знаат да бидат само солза.

Дојде време да се тргнеме настрана, да молчиме и Бог да „збори“. Бог постапува поинаку: тој вади дијаманти од калта и од темнината раѓа светлина и пали свеќи во срцата на луѓето.

Колку повеќе се спознавам и откривам себеси подлабоко, а особено моите слабости и грешки, толку повеќе го познавам Бога и светот.

На крајот на краиштата, она од што најмногу се плашиме е нашето непознато јас!

Не сме разочарани браќа, го имаме Господ жив! Бидете храбри, јас сум со вас, не плашете се, вели Господ! Господи сега, кога Те немам, повеќе копнеам по Тебе...и Те чекам.


Добра борба!!


отец Спиридон Скутис

Comments