Кога ќе го најдеш Христос имаш се

 Кога ќе го најдеш Христос имаш се


Преку љубовта кон нашиот брат ќе успееме да го сакаме Бога. Божествената благодат доаѓа преку братот.
Кога ќе го најдеш Христос, имаш сè, не сакаш ништо друго.
Таму каде што е љубовта Христова, осаменоста исчезнува, ти си мирен, среќен, сит, без меланхолија, без болест, без вознемиреност, живееш во ѕвездите, во бесконечноста, на небото со ангелите, со Светите, на земјата со луѓето, со растенија, со животни, со секого, со се.
Кога Христос доаѓа во срцето, животот се менува, страстите исчезнуваат. Христос е сè.

Свети Порфириј Кавсокаливит  

Comments