Многу ѝ должиме на нашата Дева Марија, бидејќи таа е нашата духовна Мајка. И сите знаеме каква света личност е мајката во нашите животи. Нашата телесна мајка е света личност која на сите ни е потребна во животот. А оние кои умираат на 90 и 100 години понекогаш си ја бараат мајката. Дури и ако нивната мајка умрела пред 60 години или дури и ако никогаш не ја запознале!
Човекот толку многу ја чувствува потребата на својата мајка. И ова е дар од Бога. Благослов од Бога да имаат мајка, и сите да имаат мајка. И навистина, кога и оваа мајка е побожна, благословот е поголем. Но, секоја мајка за нас е света личност. Но, ја имаме и нашата небесна Мајка, нашата духовна Мајка, Дева Марија. Така, дури и кога ќе ја изгубиме оваа наша природна мајка, или дури понекогаш и нашата природна мајка нè разочарала, бидејќи и таа е човек, или нè растажила, ја имаме нашата духовна Мајка, која е голема утеха.
Колку е убаво да се знае дека сите ние имаме небесна, духовна, Света Мајка, на која можеме да се потпреме во секој момент од нашиот живот! И да ѝ ја кажеме нашата болка, да ѝ ја кажеме нашата љубов, нашата помисла, нашата мака, дури и нашиот сомнеж. Што и да имаме да и кажеме на Богородица и да побараме нејзин благослов.
Убаво е христијаните да имаат духовна врска со нашата Дева Марија, а преку нашата Дева Марија со нашиот Христос, затоа што нашата Дева Марија не сака да бидеме поврзани со неа заборавајќи го нејзиниот Син, бидејќи и таа го има Христос како нејзиниот центар е нејзиниот живот. Го има и ќе го има Исус Христос. Центарот на животот на нашата Дева Марија е Христос. Значи, нашата Дева Марија сака и ние што ја сакаме да го сакаме Христос и Христос да биде центар на нашите животи. Затоа на Света Гора, како што знаете, и секаде каде што има Православни, главната молитва е: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“ и потоа „Пресвета Богородица, спаси нè“, и „Богородице Дево радувај се“. И така имајќи постојано заедништво со Христа преку желбата на „Господи Исусе Христе...“, ние имаме постојана заедница и со Мајката на нашиот Искупител, Богородица, нашата Дева Марија. И Дева Марија нè води кон нашиот Христос.
Ја видовте иконата Пресвета Богородица која е копија на иконата на манастирот Свети Григориј. Таа го држи Христос во едната рака, а со другата рака покажува кон Христос. Оваа икона што го прикажува Христос се вика Одигитрија. Односно нè води кон Христос. И ние ја имаме Дева Марија да бараме од неа, кога не ни е добро, да ни помогне во тешките моменти од нашиот живот или да не утеши. Дали гледаме како Богородица се грижи на овој свет? Ајде да се обидеме да бидеме како неа.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар