МОНАХ СИМЕОН АТОНСКИ: КОЈ ЈА ИЗБРАЛ ХРИСТОВАТА ЉУБОВ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИСКУШЕНИЈА

 МОНАХ СИМЕОН АТОНСКИ: КОЈ ЈА ИЗБРАЛ ХРИСТОВАТА ЉУБОВ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИСКУШЕНИЈА


Животот не е ниту вчера, ниту утре, туку она што го доживуваме во моментов.

Тој што почнува да живее веднаш почнува да умира...

Некои луѓе умираат на рана возраст без да достигнат зрелост. Други, пораснати, умираат од разврат и под дејство на страстите, во потрага по задоволства. Има уште еден дел кој стасува во старост, се губи во мислите и желбите и не ни забележува дека животот поминал побрзо отколку што мислеле.

И само единици избираат да стигнат до благодатта. Зошто ги има толку малку?

- Затоа што луѓето имаат посилна приврзаност за суетниот живот, за мислите, желбите и страстите и за задоволствата.

Оној кој ја избрал благодатта на Христовата љубов не се плаши од искушенија, ниту од внатрешните - мисли, желби и страсти, ниту од надворешните - војни, пожари, земјотреси, болести, бидејќи мислите, желбите и страстите немаат моќ да се спротивстават благодатната сила на таквата Љубов,  несреќите, па дури и заканата со смрт не можат да предизвикаат страв во срцето исполнето со благодат.

Бидејќи имателот на благодатта се вброил во бесмртниот живот на Царството Божјо, се ослободил од јаремот на смртта и го избрал вечниот живот, "тој се зајакнува во Господа и во силата на Неговата моќ,"(Ефес. 6 :10).

Comments