24 МОЛИТВИ, СПОРЕД БРОЈОТ НА ЧАСОВИ ВО ДЕНОТ И НОЌТА

   СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ:  24 МОЛИТВИ, СПОРЕД БРОЈОТ НА ЧАСОВИ ВО ДЕНОТ И НОЌТА


  1. Господи, не ме лишувај од Твоите небесни благослови.                                 
  2. Господи, избави ме од вечни маки.
  3. Господи, ако згрешив со ум или мисла, со збор или со дело, прости ми.
  4. Господи, избави ме од секакво незнаење и заборав, кукавичлук и скаменета бесчувствителност.
  5. Господи, избави ме од секое искушение.
  6. Господи, просветли го моето срце, кое несакањето го помрачи.
  7. Господи, јас како човек згрешив, а Ти како милостив Бог помилуј ме гледајќи ја слабоста на мојата душа.
  8. Господи, испрати ми ја Твојата благодат за да ми помогнеш да го прославам Твоето свето име.
  9. Господи, Исусе Христе, запиши ме, Твојот слуга, во книгата на животот и дај ми добар крај.
  10. Господи, Боже мој, иако не направив ништо добро пред Тебе, но по Твојата милост дај ми добар почеток.
  11. Господи, посипи го моето срце со росата на Твојата благодат.
  12. Господару на небото и на земјата, прими во Твоето царство мене, Твојот грешен, бесрамен и нечист слуга. 

Амин!

  1. Господи, прими ме во покајание.
  2. Господи, не ме оставај.
  3. Боже, не дозволувај да влезам во неволја.
  4. Господи, дај ми добра мисла.
  5. Господи, дај ми солзи и нежност и да се сеќавам на смртта.
  6. Господи, дај ми да размислувам да ги исповедам моите гревови.
  7. Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушност.
  8. Господи, дај ми трпение, великодушност и кротост.
  9. Господи, засади го во мене коренот на добрината: стравот Божји, во моето срце.
  10. Господи, удостои ме да Те сакам со сета своја душа и ум и да ја извршувам Твојата волја во сè.
  11. Господи, заштити ме од лоши луѓе и од демони и од страсти и од сите други непристојни работи.
  12. Господи, Ти знаеш дека правиш сè според Твојата добра волја
Нека биде волјата Твоја и во мене, грешникот, зашто си благословен засекогаш.

Амин!

Comments