Ти самиот не ја слушаш твојата молитва, а сакаш Бог да ја чуе?

 Ти самиот не ја слушаш твојата молитва, а сакаш Бог да ја чуе?



Ти самиот не ја слушаш твојата молитва, а сакаш Бог да ја чуе?

Многумина влегуваат во црквата, кажуваат разни молитви и заминуваат. Излегуваат, не знаејќи што кажале. Нивните усни се движат, но нивните уши не слушаат.
Ти самиот не ја слушаш твојата молитва, а сакаш Бог да ја чуе?
„Клекнав на колена“, велиш ти. Ти клекна, но додека твоето тело беше внатре, твојот ум одлетуваше надвор. Со уста си ја кажал молитвата и со твојата мисла си пресметувал камата, склучувал договори, продавал роба, купувал имоти, се запозна со твоите пријатели. Затоа што ѓаволот, кој е лукав и знае дека во време на молитва постигнуваме големи работи, токму тогаш доаѓа и сее помисли во нас. Да, многу пати лежиме во кревет и не размислуваме ништо; одиме во Црква да се молиме, а потоа илјада мисли поминуваат низ нашиот ум. Така ги губиме плодовите на молитвата, оставајќи го храмот со празни раце. Истото, се разбира, се случува и кога се молиме дома или на кое било друго место.
Затоа, секогаш кога, додека се молиме, сфаќаме дека нашиот ум се оддалечил од Бога и се свртел кон живите суштества, да го вратиме, принудувајќи го да остане цврсто и внимателно приврзан за значењата на молитвата. Навистина, да ја повториме молитвата од почеток.



Свети Јован Златоуст  

Comments