Никогаш не губи надеж во спасението и викај кон Бога и викај...


 

Никогаш не губи надеж во спасението и викај кон Бога и викај



 Никогаш не губи надеж во спасението и викај кон Бога и викај.  Бог никогаш не превидува душа која сака да се спаси и се кае, дури и ако е ранета во битка.

 Бог знае колку е слаба нашата природа.  Каде ќе најде глината сила да го издржи притисокот на водата, ако Бог не ја испече со благодатта на Светиот Дух?

 Тој, како непогрешливо око, знае дека штом не остави, ние паѓаме и пропаѓаме.  Затоа не дозволува да бидеме искушувани, како што сака ѓаволот.

 Да не остави, ќе не фрли сите во пеколот, но добриот Бог го спречува тоа и остава колку што може секоја душа да издржи.

 Колку и да сме ранети во битка, да не се обесхрабруваме, туку да си ги санираме раните и да ја продолжиме борбата.

 Гледајќи го нашиот напор и волја на нашето спасение, Господ ќе ни даде победа.  Големо зло е борецот да изгуби храброст во битка, бидејќи веднаш противникот влетува со одлучност да го победи.

 Затоа, чедо мое, дај и храброст на душата и надеж.  Ќе умрам борејќи се за славата Божја, така да се каже, наместо да го натажам мојот Бог со откажување од борбата против ѓаволот.


 Старец Ефрем Филотејски и Аризонски 


Comments