Кратки поуки од Свети Антониј Велики

 Кратки поуки од Свети Антониј Велики 




Кога се молиш, чувај се од мрзеливост, бидејќи молитвата на мрзливиот човек се празни зборови.


Не криј го од својот духовен отец гревот што си го направил.


Биди пријателски расположен со сите, но не слушај ги советите на сите.


Пазете се од лаги, во спротивно тие ќе ви го тргнат стравот Божји.


Секој ден, кажи си: ова е последниот ден во кој ќе живеам на овој свет, и ќе се спасиш од гревовите.


Сакајте го смирението и тоа ќе ви ги покрие сите гревови.


Ако некој во правдата те прекори за некој грев, смири се тогаш и ќе добиеш венец.


Никогаш не се лутете на никого и простете им на сите.


Немој да бидеш славољубив и немој да се фалиш во своето срце, велејќи: Јас направив ова и она, имам овој и оној успех. Таквите мисли мирисаат на суета, а секој што е исполнет со нив станал живеалиште на нечисти духови.


Не ја напуштајте волјата Божја за да ја исполните човечката волја.


Не биди лицемер, ниту осаменик, а уште помалку лажго.


Не завидувај му на оној што ќе се издигне на површина, затоа што е подобро сите луѓе да ги сметаш за поголеми од себе, за самиот Бог да биде со вас.


Ако почнат да те фалат за твоите дела, немој да се радуваш на тоа, не уживај во тоа, скриј ги своите дела ако можеш.


Знајте дека понизноста не е ништо друго освен да ги сметате сите луѓе подобри од себе. Секогаш запомнете дека сте виновни за многу гревови.


Научи го твојот јазик почесто да вели „прости ми“ и ќе најдеш мир.


Биди скромен во сè: во движењето на телото, во говорот, во облеката, во седењето, во стоењето, во вашиот дом, во сè пред сите и секого.


Не се плаши од човечко презир и клевета. Секој што побожно сака да живее, ќе биде прогонет, клеветен и презрен.

Comments