Евангелска љубов...
Евангелска љубов.
Свети Гаврил често ги поучувал своите посетители и ги инспирирал:
- Секој грев е непријателство кон Бога, затоа презирај го гревот, но сожали го грешникот и покажувај љубезност кон него.
Во овој поглед, на ум ми доаѓа споменот на мајка Тебронија:
Патував за Тбилиси по работа, видов дека отец Гаврил го напушти манастирот пред мене. Се качив во автобусот на автобуската постојка во близина на манастирот, а отец Гаврил влезе порано, во поштата. Веројатно, пред автобусот да се појави, реши да се прошета. Седнавме по некое време ми ги даде сите пари што ги имаше во џебот, шест рубли и кусур и ме замоли да ги задржам до крајот на патувањето.
Излеговме од автобусот на автобуската станица во Дидубе и влеговме во метро. Моравме да се симнеме на станицата Плоштад Слобода. Вагонот на метрото беше толку преполн со луѓе што едвај можевме да влеземе во него. Отец Гаврил стоеше свртен кон вратата од возот. Наскоро видов дека младиот човек кој стоеше зад монахот му ја стави раката во џебот. Ме зафати некое чувство или на изненадување или на одвратност, не можев да издржам; и со страшен израз, без да кажам збор, ја оттурнав раката на крадецот. Тој не рече ништо, туку се приближи до мене и ме гледаше со чудно светкави црни, ситни очи. Во тоа време, отец Гаврил кажа неколку зборови за љубовта, се сврте, го прегрна крадецот, го притисна кон него и му го бакна челото. Никој ништо не можеше да разбере.
Требаше да видите што се случи со овој човек. Самиот беше со голема градба и од радост почнал да скока како дете. Воодушевен гласно рече: Отецот ме благослови, Отецот ме благослови - а во исто време погледна на страна, во некои луѓе. Погледнав таму и препознав џепчија од мојата област. Овој човек бил толку воодушевен од радост што на следната станица неговите пријатели го фатиле за раце и го извеле од возот.
Од книгата: Светиот јуродив Гаврил Грузијски Светиот Исповедник.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар