Бог посреди нас; во храмот, надвор од храмот...

Бог посреди нас; во храмот, надвор од храмот, Господ е присутен насекаде а живееме како да не постои.

 Тој е до нас, ние Го дишеме, се движиме, постоиме - и не сме свесни за тоа, си припишуваме живот, сила, ум, искуства, таленти, успех...

 Ние сме слепи во овој поглед: Господ е меѓу нас, но можеме да имаме празни мисли, да доживееме бесмислени искуства, да водиме расипани и расипувачки разговори меѓу себе.

  И стои тивко, како просјак што стои пред вратата: нема ли некој да го погледне, нема ли некој да внимава, нема ли некој да го почувствува Неговото присуство, дали Неговото присуство нешто ќе промени во срцата, во мислите, во зборовите на луѓето? 

Митрополит Сурошки Антониј

Comments