Старче, по толку години борба, што ти остана во душата?...
Старче, по толку години борба, што ти остана во душата?
Соговорник: Старче, по толку години борба, што ти остана во душата?
Старец Ефрем Филотејски: Се е поинаку, се е поинаку. Првото е името на нашиот Христос и сега низ годините на дело видов дека само преку љубов може да се победи човекот. Животот ми беше мака и болка... Ме одржа во животот само името на Христос и нашата Дева Марија. Кој не го кажува името на Христос и на Пресветата Богородица секој ден, не е христијанин.
Соговорник: Значи, Христовата молитва треба секогаш да се изговара?
Старец Ефрем: Се разбира, затоа што секогаш сме со споменот на нашиот Христос. Светите Отци се просветлија и ни ја оставија оваа молитва. Господи Исусе Христе, помилуј нè и Пресвета Богородица, спаси нè. Не да се читаат енциклопедии, ниту многу книги.
Сите христијани се спасуваат со овие две молитви. Монасите кои немаат световни грижи, се молат многу и достигнуваат височини. Многу им помага и Пресветата Богородица. Како да му зборуваат во увото на нашиот Христос, затоа што се посветени на молитвата и тоа им е главното дело, а кој во срцето го има дарот на молитвата, кога ќе умре, обичаите не го допираат. Тој по смртта оди директно кај нашиот Христос. Тој нема пречки, бидејќи името Христово има моќ. Бог е оган.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар