Добронамерниот човек не може лесно да ја согледа злобата на лошонамерниот човек...
Добронамерниот човек не може лесно да ја согледа злобата на лошонамерниот човек
Се залажуваат себеси, оние кои самоуверено тврдат дека добро ги познаваат луѓето и затоа не дозволуваат да бидат измамени од нив.
Кој може да знае каков дух е во секој човек? Кој освен Бог ги знае тајните на срцето? Дури и големите Светители погрешиле во нивното расудување за луѓето.
На пример, Свети Василиј Велики, лицемерниот еретик го сметал за свет човек, кого дури и го поддржувал против многумина кои се сомневале во него, се додека Свети Василиј еднаш не се уверил во еретичката грешка на овој човек и бил горко разочаран.
Свети Григориј Богослов крстил еден филозоф по име Максим и толку многу го сакал што дури и го угостил и ја делел храната со него. Но Максим бил човек опасен и лукав како змија: по некое време, со сплетки и поткупи успеал да убеди некои од Цариград да го препознаат за патријарх, на местото на Свети Григориј, кога по бурна метеж, вистината блесна, а некои го прекоруваа Григориј затоа што покрај себе го има својот најголем непријател, Светителот им одговори: Ние не сме виновни ако не ја гледаме злобата на човекот. Само Господ ги знае тајните на срцата на луѓето. Неговите заповеди ни кажуваат да ги отвориме нашите срца со татковска љубов кон сите што доаѓаат кај нас. Добронамерниот човек не може лесно да ја согледа злобата на лошонамерниот човек.
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар