Борете се и молете се сами...


 



Борете се и молете се сами



Спасот не е лесна работа, рекол старецот. Нема да ти дадам спас на чинија. Борете се и молете се сами. Ако сакате да бидете спасени, станете глуви, неми и слепи за светот.

И многу млади доаѓаа кај старецот жалејќи се дека се меланхолични и дека страдаат од несоница и недостаток на апетит. Старецот ги однел на сред двор, им рекол да направат по 450 метании  и ги повикал секоја вечер да го прават истото дома.

Им советуваше да носат Крст околу вратот, да не пијат, да не пушат, да одат во Црква, да постат пости пропишани од Црквата и да се причестуваат.

Тогаш, според неговите зборови, сите „нервози“ ќе исчезнат и ќе станат здрави.

Додај и како со нервите чувствуваме болка, но кога душата е болна не значи дека и нервите се болни туку демоните не мачат и тогаш е потребна молитва за да ги победиме.

Старецот многу ја сакал природата. Можеше да ја почувствува. Тој се обидуваше да ја разубави земјата со цвеќиња и разни дрвја. Без разлика каде живеел, во Почаевската лавра, монашките гробишта, Јаловица, зад себе оставил жив споменик со украсни растенија и цвеќиња, како и овошни дрвја.

Пролетта за него беше рајска сезона. Старецот кажуваше како до времето на жетвата, целата флора, тревата, цвеќињата, лисјата и фиданките се свежи, светли и полни со живот, додека по жетвата доаѓа есента и лисјата почнуваат да паѓаат, нивната боја, нивната свежина .

Така е и со човекот...

Старецот имаше добро срце. Многу им беше жал за душите на злите луѓе, бидејќи злото не е вродено во човечката природа. Злото се појавува во човекот под влијание на демоните, поради што злите луѓе наликуваат на нив.

Секој грев ја заплеткува човечката душа како пајакова мрежа, зашто злобата е како челична нишка. Обидете се да ја скршите. Лоши луѓе го убија царот и сега се потсмеваат со Православните. За нас е голема среќа што заслуживме да се родиме Православни.

Зашто многу луѓе за жал не го познаваат Православието, често повторуваше старецот. Дваесет години пред канонизацијата на Светиот патријарх Тихон - голем исповедник на Православната вера - старецот веќе го сметаше за Светител и имаше икона покрај иконата на Светиот Апостол Андреј.

Старецот тврдел дека телевизиските емисии ја празнат човечката душа и ја оттргнуваат од патот на спасението. По гледањето вакви емисии, човек не сака да се моли - и ако се моли, тоа ќе го прави само со усните, неговото срце ќе биде далеку од Бога.

Таквата молитва, според старецот, е „на суд“. Спасот не е лесна работа, рекол старецот.

Нема да ти дадам спас на чинија. Борете се и молете се сами. Ако сакате да се спасите, станете глуви, неми и слепи за светот.


Свети Амфилохиј Почајевски 


Comments