Го прашале ѓаволот од што најмногу се плашат демоните, а тој им одговорил: ...
Го прашале ѓаволот од што најмногу се плашат демоните, а тој им одговорил:
Некои духовни отци раскажуваат и се достојни за нивното верување дека кога пред нив се појавил ѓаволот и тие му го поставиле горенаведеното прашање, тој им одговорил дека во Стариот и Новиот завет тој немал причина да се плаши, но најмногу се плашел дека ќе ја растера сета негова сила 67-от псалм.
„Гооспод да Воскресне...“.
Штом ѓаволот им го кажал тоа, отците почнаа да го кажуваат овој псалм, а штом го почнаа и ја кажаа првата реченица, односно „Бог Воскресна“, веднаш ѓаволот стана невидлив.
Псалм 67:
1. Нека Воскресне Бог, и да се распрснат непријателите Негови; да бегаат од лицето Негово оние, што Го мразат.
2. Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо.
3. А праведниците да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и ќе Го прославуваат во радоста.
4. Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него. Ќе се смутат од Неговото лице,
5. Татко на сираците и судија на вдовиците; Он е Бог во Своето свето место.
6. Бог им дава домови на осамените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустиња.
7. Боже, кога Ти излегуваше пред Твојот народ, кога одеше по пустињата,
8. земјата се тресеше и небесата даваа дожд од лицето Божјо, и Синај – од лицето на Бога, на Бога Израилев.
9. Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемоштуваше од труд, Ти го поткрепуваше.
10. Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти си ја спремил за сиромасите.
11. Господ ќе им даде збор на гласниците со голема сила.
12. Царот на војските е омилен и во убавината на Својот дом дели плен.
13. Ако заспиете во пределите ваши, ќе станете како гулаби со сребрени крилја, со перја – од чисто злато.
14. Кога небесниот Цар ги разбиваше царевите, снег паѓаше на Селмон.
15. Гората Божја е гора богата, гора цврста, богата;
16. зошто вие, гори високи, завидливо ја гледате гората, на која Бог благоволи да живее?
17. Божјите коли се безброј – на илјада илјади; меѓу нив е Господ на Синај, во Светилиштето.
18. Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови за луѓето, така и од непокорните да можат да живеат таму.
19. Нека е благословен Бог од ден во ден, ќе го помогне нашето спасение.
20. Нашиот Бог е Бог Кој спасува; во власта на Господа е вратата на смртта.
21. Но Бог ќе им ги скриши главите на непријателите Свои и косестото теме на оние што остануваат во своите гревови.
22. Господ рече: од Васан ќе ги вратам, ќе ги извлечам од морските длабочини,
23. за да ти се натопи ногата твоја во крвта на непријателите и јазикот на твоите кучиња.
24. Го видов Твоето величествено доаѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето:
25. напред одеа кнезовите, близу до пеачите, а во средината – девици со тимпани:
26. „Во собранијата благословувајте го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израилево!”
27. Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини – нивни владетели, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови.
28. Заповедај, Боже, со силата Твоја, зацврсти го, Боже, тоа што ни го направи нам!
29. Од Твојот храм во Ерусалим; царевите ќе Ти принесуваат жртви.
30. Скроти ги ѕверовите во мочуриштата, воловите со телињата на народите, да не бидат исклучени од искушувањето со сребро; растури ги народите кои сакаат војна.
31. Ќе дојдат молитвеници од Египет; Етиопија порано ќе ја подаде раката кон Бога.
32. Цареви земни, појте Му на Бога, воспојте Му на Бога, на Господа,
33. Кој се возвисил на небо, на небесата на Исток. И, ете, Он на гласот Свој ќе му даде сила.
34. Подајте Му слава на Бога! Над Израилот е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците.
35. Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израилев – Он ќе му даде сила и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар