Ако постојано ги броите гревовите на другите, вашите ќе се зголемат...


 




Ако постојано ги броите гревовите на другите, вашите ќе се зголемат



 Луѓето кои не можат да доминираат со своите срца, уште помалку можат да доминираат со својот јазик.

Луѓето, кои не можат да воведат ред во животот, уште помалку можат да воведат ред во државата...

 Луѓето кои не можат да го видат светот во себе, уште помалку можат да се видат себеси во светот.

 Луѓето кои не можат да учествуваат во туѓата болка, уште помалку можат да учествуваат во туѓата радост.

Чувајте ги сите работи на соодветно растојание, само вашата душа приближите ја што е можно поблиску до Бога.

 Ако истуриш вода на оган, нема да имаш ни вода ни оган.

 Ако го посакуваш она што е туѓо, ќе го мразиш тоа што е твое и ќе ги изгубиш и двете.

Ако и пријдеш на слугинката исто како и на жена ти, нема да имаш ни слугинка ни жена.

Ако често пиете за здравјето на другите, ќе го изгубите вашето.

 Ако продолжите да броите туѓи пари, ќе имате се помалку свои.

Ако продолжиш да ги броиш гревовите на другите, твоите ќе се зголемат!



Свети Николај Велимировиќ

Comments