Чистотата на душата е многу подобра од било што друго...
Еден човек отиде да се исповеда но тоа беше без разбирање. Тоа беше првпат да се исповеда во животот. Тој веруваше дека исповедта е нешто многу тешко. Се срамуваше и се плашеше да отиде кај свештеникот да се исповеда.
Исповедта е дадена по милоста Божја и тој не верувал дека исповедта е толку едноставна и дека нема причина некој да се плаши.
Интервенцијата на ѓаволот е многу силна во оваа област, каде што тој носи срам и страв за да не оди човек на исповед. Најлошо е ѓаволот да го натера човекот да верува дека ништо не направил и нема причина да се исповеда. ѓаволот кога станува збор за исповед знае како да спречи човек да го направи тоа.
На облеката ако ни падне една капка масло, веднаш ги сметаме за валкани и ги ставаме во машина за перење...ама кога е во прашање чистотата на душата, дури и од мали дамки од мали гревови, тогаш ѓаволот не ги чисти , нè тера да мислиме дека не е ништо, премало е за да треба чистење. Сè што има врска со нашата душа и нашето спасение, ѓаволот секогаш наоѓа начин да не спречи.
Ако сè уште не сте отишле на исповед, не двоумете се, не дозволувајте ѓаволот да ве измами со се друго. Чистотата на душата е многу подобра од било што друго.
Старец Нектариј Мулациотис
Comments
Post a Comment
Напиши коментар