Кога имаш доверба во луѓето, ти си слаб, но со доверба во Бога си силен...


 

Кога имаш доверба во луѓето, ти си слаб, но со доверба во Бога си силен



 Нема контрадикторност во Светото Писмо, дури и во овие зборови нема противречност иако звучи така.  Со физичкото владее звукот, а со духовното мислата.

 За телесниот човек секаде има противречности затоа што се плаши од препреките и бега од сенките доколку му се појават како пречка.  Духовниот човек е како витез, кој сака да ги надминува пречките.  За духовниот човек, целото учење за нашето спасение е скриено во овие зборови од Светото писмо.

 Кога сум слаб, тогаш сум силен.  Односно, кога ја знам мојата ништожност и семоќноста на Бога, тогаш сум силен.  Кога знам дека не можам да направам ништо добро за себе или за другите, и кога целосно се надевам на моќта и благодатта Божја, тогаш сум силен.

 Кога чувствувам дека сум како човек кој се дави во овој свет, и дека не можам да ја фатам подадената рака Божја, и да ја држам со мојата сила, но викам кон Бога да ме држи за рака и да ме извлече од длабочините на грешната бездна, тогаш јас сум силен.

 Кога ќе видам дека сум слаб, дека сум шуплива трска среде бура од ветрови и во поплава - трска што само Бог може да ја исполни со Својата семоќна благодат  и кога се молам со вера, за милоста Божја, тогаш јас сум силен.

 О, браќа мои слаби, да се надеваме на силата Божја, за во нашата ништожност да бидеме силни.

 Кога се потпираш на луѓе, ти си слаб, но верувајќи во Бога си силен.  Држете се за Бога и сета Божја сила ќе биде со вас.  Исповедај ја својата слабост пред Бога и Тој ќе ти ја испрати Својата семоќна милост.  Самиот Апостол Павле ви го потврдува тоа со својот пример и искуство, велејќи: Кога сум слаб, тогаш сум силен.

 Всушност, нема контрадикторност во Светото Писмо.  Телесниот човек зборува за противречности во однос на звукот на зборовите, но духовниот човек продира во нивното значење и ја разбива илузијата на противречност со лично искуство.

 Воскресна Господи, помилуј нè во нашите слабости и опсипи нè со Твојата семоќна благодат.

 Тебе Ти припаѓа сета слава, чест и поклонение во вечни векови. 


 Амин


 Свети Николај Велимировиќ


Comments