Какви судови има Бог?

 Еден монах од Скитската пустина, одеше во Александрија да ги продаде своите ракотворби - затоа што правел кошеви - видел погреб. Владетелот на дотичниот град, голем паган, кој убил илјадници христијани, умрел, затоа што тоа било за време на големите прогони. Беше убав ден, а целиот град го следеше, го придружуваше до гробот. Кога пристигнал, нашол еден починат пустиник, кој живеел во пустина 60 години и живеел само од корени и од она што ќе го најдеше во пустината, а беше изеден од хиена.

Тогаш монахот помислил: со колкава чест бил испратен до гробот хегемонот, кој убил илјадници христијани, а овој, кој му служел на Бога 60 години и живеел само во пост и молитва, го изела хиена! Какви судови има Бог? Ми се чини дека Бог, бидејќи е премногу добар, дозволува и неправедни работи.
Ќе се молам на Бога да ми покаже какви се Неговите судови, бидејќи некои луѓе размислуваат против Божјиот план, Божјата промисла. Еден е злобен, тој е грешник и му оди се добро во животот. А другиот е добар, но децата се зли, жената е болна, а тој бега од една неволја и наидува на друга.
Едниот е злобен и долго живее, а другиот е добар и рано умира. Види, некој христијанин е добар, се моли на Бога, пости и наидува само на маки, а другиот е злобен, пцуе, пие, а Господ тоа не го казнува.
И така, монахот забележал многу такви работи, како што вели пророкот Еремија: Господи, што е тоа, бидејќи патот на нечестивите напредува, а патот на праведниците е секогаш во неволја.
И од тој ден почна да се моли: „Господи, покажи ми ги Твоите судови, за да не судам!“ И тој монах почна да му се моли на Бога да му ги покаже своите судови: како едниот сиромав и праведен, е болен, страда, наидува на неволји, а другиот, грешник, прави според својата волја е здрав и богат, има успех, станува голем во служба, во чест, и се му оди добро.
И монахот долго време се молел на Бога да му покаже зошто се случуваат овие неправди, дека добрите често страдаат, а лошите напредуваат.
Бог да ми ги покаже Своите судови, бидејќи и јас често бев искушуван од оваа работа, бидејќи видов многу неправди, кои ми се чини - дека Господ ги дозволил.
А Семилостивиот Бог, бидејќи човекот не ги знае Неговите судови, така му ги презентирал своите судови, иако можел да го здроби поради ова испитување, за да ги дознае тајните Божји, кои ни ангелите не ги знаат. Но, бидејќи Тој го засака поради неговиот свет живот, Тој сакаше да го направи мудар, бидејќи никој не може да ги знае Божјите судови.
Еднаш монсхот замина сам во Александрија да ги продаде своите корпи, бидејќи имаше три дена пешачење. Но, штом ја напушти својата пештера, друг монах, млад и многу убав, излезе да го пречека на една прекрасна ливада.
- Благослови, отец!
- Господ да те благослови, синко!
- Каде одиш отец?
- Одам на плоштад да ги продадам моите ракотворби.
Продавам корпи и купувам леб, јадам леб и  зеленило што ќе го најдам во пустината.
- Отец, и јас одам во Александрија.
- Фала му на Бога што имам придружник!
Откако го презеде товарот на старецот, младиот монах му рече:
- Оче, знаете што треба да прават монасите кога одат на патување. Да се молат цело време и да разговара со Бога. Ова е должност на монасите и христијаните кога одат на пат: да се молат.
- Така, оче, ќе се молиме до Александрија!
- Да не кажуваме ни збор! - рекол младиот монах. Заедно ќе одиме овие три дена ќе видите некои страшни работи во мене. Не зборувај, не ме осудувај и не ја прекршувај заклетвата!
- Добро, синко! Ако Господ ми помогне, нема да зборувам повеќе!
И двајцата заминаа. Младиот монах носел кошеви, а тие тргнале во тишина.
Околу пладне, кога сонцето гореше многу силно, наидоа на едно село, а пред нив излегоа двајца млади луѓе:
- Отци, отсега не можете повеќе да патувате, бидејќи сонцето гори многу силно. Дојдете кај нас!
Тие двајца млади ги примија со голема чест, бидејќи на исток во тие денови не можете да патувате, туку само наутро и навечер. И постои таква традиција: како те пречекува во куќата, ти ги мие нозете. Спасителот му рекол на Фарисејот Симон: Влегов во твојата куќа, а ти не ми даде ниту вода за моите нозе! (Лк 7:44) Бидејќи песокот е многу жежок таму, а кога ќе пристигнете во куќата на човекот и ќе ви се истури малку студена вода на нозете, тоа ви прави многу добро. Стапалата се ужасно жешки поради песокот и камењата.
Тие млади луѓе, кога дознаа дека се од скитската пустина, каде што има само Свети монаси - Свети Антониј Велики, Свети Макариј Велики, Свети Сисој Велики, Свети Онуфиј Велики и други големи испосници што ги имаме во календарот. - ги примија со уште поголема чест, со љубов, им ги измија нозете, се одморија им поставија на трпезата.
Тие млади луѓе имаа во својата куќа сребрена чинија, многу скапа, која се пренесуваше од колено на колено. Во тоа јадење ставале пустинска храна, од побожност, покажувајќи им должна чест.
Монасите јадеа, се заблагодарија и отидоа да се одморат, бидејќи беа уморни.
Кон вечерта, кога требало да тргнат на пат,  младиот монах ја украл сребрена чинија. Стариот монах видел и помислил: Ете, луѓето не примија со таква чест, ни ги измија нозете, ни дадоа да јадеме, а овој монах го украде сребрениот сад.
Одејќи малку подалеку, поминаа преку мост. Младиот монах го покрил тој сад со Крст и го фрлил во водата. Старецот видел и помислил: Каква неправда! Зошто го зеде садот и го фрли во вода? Зошто не го остави таму? Но тој молчеше, зашто имаше завет до Александрија да не зборува.
Вечерта пристигнале во домот на другите двајца млади. И тие излегоа пред нив, ги примија со љубов, им ги измија нозете по обичај и ги оставија да одморат. Имаа деца од неколку месеци.
Утрото, кога сакале да си заминат, младиот монах без да го забележат родителите отишол во лулката на бебето и го убил.
Виде старецот и во мислите рече: Со каков злобник сум патувал! Таму украде сребрен сад, еве уби и дете! Но, тој го предупреди: „Ќе  видиш многу на овој пат, не случајно зборувај, бидејќи ја кршиш заклетвата!
Вториот ден околу пладне, додека минувале низ едно село, им излезе во пресрет еден домаќин:
- Отци, отсега не можете повеќе да одите, бидејќи сонцето гори и е многу жешко. Дојдете кај нас да одмориме неколку часа и пред вечер повторно ќе заминете.
Тој човек имал куче на поводник, кое го чувало целото домаќинство. Човекот ги примил, ги угостил, ги оставил да одморат. Кон вечер, кога почна да се заладува, си заминаа. Младиот монах се вратил назад и - за да не го забележи сопственикот - го прекрстил кучето, а кучето скокнало во воздух и умрело.
Тогаш старецот погледна, но молчеше: Каква работа е ова? Таму украде сребрен сад, таму задуши дете, овде уби куче!
На пат вториот ден поминаа покрај гостилница. Таму веќе никој не зборуваше за Бога, алкохолот зборуваше во нивните глави: врескаа, пееја, свиркаа, пцуеја; и кога ги виделе монасите, почнале да викаат: Гледајте ги монасите! - Кога човек е пијан, не е повеќе човек туку ѓавол што зборува!
Стариот монах не рече ништо, тој погледна по својот пат. И младиот човек се сврте кон гостилницата и направи три метании. Откако се поклони кон гостилницата, тој продолжи понатаму.
На работ на шумата имаше село и напуштена Црква. Немаше ни Крст, вратата беше однесена, прозорците искршени; напуштена Црква, напуштена сигурно пред повеќе од 40 години. Младиот монах зел неколку камчиња, ги засенил со Светиот Крст и почнал да ги фрла кон Црквата.
А стариот монах си рекол: Гледај го ова! Да беше од Бога, немаше да го направи тоа, но тоа е од ѓаволот, затоа што Богослужеше во гостилница, а фрла камења по Црквата. Но, не му беше дозволено да зборува. Беше уште еден ден до Александрија.
Утрото на третиот ден, додека одеа покрај едно село, дојдоа во една куќа покриена со слама и трска. На предниот трем имаше пет деца и тие плачеа. Стариот монах извадил нешто од ранецот и им го дал. Потоа ги прашал:
- Зошто плачете?
- Вчера ја погребаа мајка ни!
-А дали имате татко?
- Татко ни почина минатата година.
Немаат ни татко ни мајка, кутри деца.
Откако си заминале, младиот монах се вратил и ја запалил куќата. Децата се распрснаа насекаде.
Стариот монах си помислил: Човек ли е? Ја запали куќата! Господи, до кога ќе го трпам овој убиец? Таму Богослужеше по кафани, овде ја гаѓаше црквата! Овој само зло прави!
Кога стигнаа во Александрија, беше вечер. Таму имаше голема куќа и сопственикот не беше дома. Младиот монах погледнал малку во куќата и многу брзо веќе бил на врвот од куќата. За еден час ја уништил целата куќа. Искршил покрив, врати, прозори, се во куќата што му дошло при рака.
Старецот се зачуди како за еден час ја искрши целата куќа и се исплаши кога ја виде. Но, сега кога пристигна во Александрија, можеше да зборува. Кога овој излегол откако му ја искршил целата куќа, го тргнал настрана и го прашал:
- Отец! Отсега повеќе не можам да молчам! Имаше ли завет меѓу нас да не зборуваме досега? Кажи ми што си! Дали си ѓавол, дали си човек или си ангел!
- Но зошто татко? Дали направив нешто лошо?
- Море, откако сме три дена заедно, само лоши работи направи!
- А што згрешив овде, отец?
- Па, тие од таму, кога слеговме од ридот, не примија, не угостија, и ги ставија најскапите работи што ги имаа! Чинијата нели ја украде од таму и ја фрли во вода?
- Што велиш Отец?
- Направивте лоша работа. Голема глупост, затоа што тие луѓе ќе не осудат за крадење!
- Отец, таму направив три големи и добри работи! Тој сребрен сад е за петолебието  од Црквата на тоа село. Го украл нивниот прадедо, но не го нашле. На него со стар црковен јазик пишуваше: Ова се пет леба на Црквата Свети Никола, дарувани од ова семејство, а кој ќе ја отуѓи од Црквата, ќе биде во пеколот додека не ја врати.
Така пишуваше на садот. И поради тој сад, деветте души кои го користеле биле мачени во пеколот. А сега и тие требаше да отидат во пеколот затоа што тие го користеа. И мене ми беше жал за нив и го украдов садот; но не ми требаше, затоа го фрлив во вода.
Следниот ден човекот која ја чисти Црквата ќе дојде да се капе во оваа вода и ќе го најде тој сад. Тој, бидејќи е од Црквата, знаејќи го црковното писмо, ќе го однесе кај свештеникот. А кога ќе го стави садот во Светиот олтар, девет од нив ќе излезат од пеколот, бидејќи таму пишува: Да бидат во пеколот додека не го вратат.
- Така, оче, таму направив три добри дела: и тие деветмина ги изведов од пеколот, а живите ги сочував да не влезат, а и садот го вратив во црквата, за да имаат, бидејќи тоа беше многу потребно. А вие велите дека сум направил зло, но сум направил добро!
- Тогаш старецот се зачуди. Видов брате како беше, а јас мислев дека си крадец, дека го украде садот!
- А кога го убивте детето, дали и тогаш направивте добро?
- И таму завршив добра работа.
- Како, уби дете и велиш дека си направил добро дело?
- Застанете и не судете по сопствен ум. Дали сте ги виделе децата? Зачнат е на денот на Велигден. Бидејќи родителите не се воздржувале на денот на Господовото Воскресение, детето, според Божјиот суд, морало на 20 години да стане бандитски водач и да ги убие своите родители. Тоа беше казна за нивната невоздржаност. И имаше многу луѓе да убие, и многу метеж што требаше да направи во светот, бидејќи беше зачнат на таков голем ден.
Овде направив три големи добри дела: ја испратив душата на детето чиста на небото, ги спасив неговите родители да не бидат убиени од сопственото дете, а тие, кога ќе го најдат детето мртво, многу ќе плачат, а преку тоа плачење нивниот гревот се простува што го направиле на Велигден. А вие велите дека сум правел зло, но јас правев добро!
- А зошто таму му го уби кучето на човекот?
И таму направив добро дело! Тоа куче го чувало целото домаќинство, но следниот ден требало да побеснее. А кога требаше да дојде газдарицата да му даде да јаде, тоа ќе ја каснало, а голема радост беше да се биде во куќата на тој човек! Откако не прими, ги сожалив и прво го убив кучето, да не ја касне газдарицата. А вие велите дека сум направил зло, но сум направил добро!
- А зошто се крстеше и правеше метании во гостилницата?
- И таму направив добро дело! Во таа гостилница дојдоа најдобрите домаќини од селото. Црковен учител, принц и добар домаќин. Решиле да се обединат и да изградат црква во селото кое било напуштено. Кога поминувавме, рекоа: Помогни, Господи, Црквата да се изгради!
Иако беа во кафеаната, видов дека луѓето сакаат да направат добро дело, направив и три метании и реков: Господи, помогни им да направат Црква! А вие велите дека сум направил зло, но сум направил добро. Не се поклонив на гостилницата, му се поклонив на Бога да им помогне на оние кои решија да ја обноват напуштената Црква.
Старецот се зачуди, велејќи: И јас не бев во право овде!
- И така, кога стигнавме до крајот на селото, зошто фрлаше камења по Црквата?
-Тоа беше напуштената Црква. И бидејќи Црквата беше пуста, ѓаволите играа на Светата трпеза, на прозорците и во храмот и се смееја на пустошот на домот Божји, а јас бев крив. И видовте дека јас ги удрив тие камчиња со Крст и почнав да фрлам по Црквата, а ѓаволите побегнаа од таму. Јас не ја гаѓав Црквата, туку ѓаволите кои беа таму!
- А зошто ја запаливте куќата на децата? Ги видовте децата и не ги сожаливте?
- Повеќе ги сожалив нив отколку тебе! И јас направив многу добро. Видовте дека тие деца немаа ни мајка ни татко и останаа само дома. Но, тие не знаеле дека под тремот од куќата има богатство скриено од нивниот прадедо. Сандак со чисти златни монети. Ја запалив  куќата, бидејќи живееја во сиромаштија и не сфатија дека имаат богатство под тремот.
После неколку дена децата ќе погледнат таму да видат што останало и ќе наидат на богатството и ќе викнат еден од нивните дедовци, кој е црковен учител. Овој бидејќи е богобојазлив човек, ќе ги земе под своја грижа тие деца, а со парите што ги нашол ќе им изгради голема куќа со се што им треба, ќе ги воспитува и ќе станат големи луѓе и верници.
А ти велиш дека сум направил зло, оче, со запалување на куќата, но сум направил добро, бидејќи да не ја запалев куќата, немаше да го најдат богатството.
- Зошто ја уништи куќата овде?
- Отец, оваа куќа е изградена со украдени пари. И тоа беше заповедано од Бога вака: Бидејќи е изградена со туѓ труд и пари од кражба, тука никогаш нема да живеат маж и жена! Жената требаше да умре при првото породување. Само мажот вдовец требаше да живее во оваа куќа до крајот на животот:
И ја уништив куќата, оти отидоа на свадба, и кога ќе се вратат и ќе видат дека се е скршено, ќе направат помала куќа со свои напори а жената нема да умре при раѓањето на првото дете.
А вие велите дека правев зло, но правев добро, според волјата Божја.
Тогаш монахот прашал:
- Кажи ми, брате, што направи толку големи чуда, кој си ти?
- Но, ако можеш и да ми кажеш, Свети оче, што бараше од Бога во молитвата?
- Веќе неколку години се молам Бог да ми ги покаже своите судови, бидејќи ми се чинеше дека Бог дозволува многу неправедни работи во двата света.
- Да? А не го слушнаа ли пророкот Исаија? Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. ( Исаија 55:9).
Зар не слушна што рече Соломон? Што е потешко од тебе, не кревај, а што е подлабоко од тебе, не испитувај да не умреш.
Зар не си го слушнал пророкот Давид кој вели: Господовите судови се многу длабоки.
Како те осудија, човеку, да ги знаеш Божјите судови, кои не ги знаат ниту архангелите, ниту херувимите? Но Бог не сакаше да те здроби, бидејќи можеше да те здроби поради ова испитување, но знаејќи ги твоите напори, ме испрати да ти покажам дека Божјите судови не се како човечки судови.
Гледаш ли колку ме осудуваше? Што и да направив ти изгледаше зло: дека сум убиец, дека сум украл сад, дека сум запалил куќа и што и да правев ме осудуваше. И сето тоа беше многу добро, и сето тоа беше направено во голема предност. Тоа беше добро според судовите Божји, а не според судовите на луѓето!
И ти резонираше нешто, но Божјите судови не беа како твоите, затоа што беа многу подобри! Ти рече дека направив зло, но направив само добро. Затоа отсега не осудувај никого и што и да видиш кажи: Господи, ти знаеш се. Не ги знам твоите судови!
Затоа, Свети оче, никој од народот нека не се осмели да ги доведува во прашање Божјите судови, бидејќи ни ангелите не можат да ги знаат Неговите судови!
Но, бидејќи си човек, Бог ти прости, но ме испрати да те охрабрам за да не се осмелуваш повеќе да ги испитуваш неговите судови, бидејќи судовите Божји се многу длабоки и никој не може да ги знае, па ни ангелите од небото!
Оваа приказна значи дека се што ни изгледа погрешно и зло на овој свет не треба да судиме за тоа, зошто често сме измамени! Затоа што не ги знаеме Божјите судови кои се скриени и неразбирливи.

Не го доведувајте во прашање несомненото и не сакајте да го достигнете недостижното!

Амин.

Старец Клеопа Илие



Comments