Отец, хулам...

 Отец, хулам... Еден занаетчија еднаш го посети старецот и му рече:


 Отец, проколнувам.  Но, нешто чудно се случува.  Кога ќе пробам да навртам шраф и ако неможам да го завртам, ме нервира.  Ама штом пцујам веднаш се завртува.

 Старецот му одговори:

 – Така требаше да биде!

 И пред изненадениот занаетчија старецот продолжи:

 – Еден демон го спречува вртењето на завртката, а друг те поттикнува да хулиш.  Штом вториот ќе успее да те натера да пцуеш, првиот го напушта шрафот и веднаш се завртува!  Внимавај, дете мое, да не хулиш, туку да се молиш кога работиш.

Старец Епифаниј Теодоропулос

Comments