Која е целта на Ангелот чувар во човечкиот живот и како му помага во спасението?

Целта на Ангелот чувар е да го заштити човекот на невидлив начин од искушенијата на ѓаволот, од секаков вид грешен пад, да го насочи кон Црквата, кон покајание, кон молитва.


Да го утеши во животните таги и да го поттикне на добри дела.

Ангелот чувар е даден од Бога за физичка и ментална заштита на човекот.

Тој нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази (Псалм 120:3).

Ангелот чувар ја штити душата што му е доверена во време на искушение, ако има вера и страв од Бога, како што вели псалмот (33:7):  Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Него, и ги спасува.

Ангелот чувар му служи на спасението на човекот (Евр. 1:14).

Го откупува човекот во опасни околности (Дела 5, 19; 12, 7-8; 9, 11).

Тоа е Божјиот работен дух за заштита на човештвото (Пс. 102, 21; 103:5; Лука 16, 22).

Ангелите секогаш ја гледаат славата Божја на небото и се молат за луѓето.



Старец Клеопа Илие 

Comments