Остани со нас Господе

 Остани со нас Господе, биди со нас на патот кога ќе не со стигнат грижите и болките.

Остани со нас кога работиме и кога се одмараме.
Биди Третиот помеѓу нас кога се сакаме.
Биди со нас во нашата куќа, биди ни советник во се.
Остани со нас кога ни се заматува свеста да не би лутале преку ноќта.
Биди блиску до нас кога  големата ноќ ќе не покрие со својот покров и дај ни да се пробудиме во Твоето крило.
Биди сакан и верно слушан Учител во нашиот дом.

Амин подај Боже.

мајка Екатарина

Comments