Гревот не е во нашата природа


 

Гревот не е во нашата природа – ние сме создадени со волја и слобода.


 Ти си митар – можеш да постанеш евангелист! Ти си богохулник – можеш да постанеш апостол!


 Ти си разбојник – можеш да го придобиеш рајот!


 Ти си грешен – можеш да се поклониш на Господа! Нема таков грев, кој не се искупува преку покајание. 


Не ми зборувај: јас загинувам – нема веќе што да правам! Ти имаш Лекар, Кој стои над секоја болест и Кој само со желба може да го спаси секого, кој посакал да се исцели! 


Ако Он те создал од небитие – дотолку повеќе, може да те воздигне да суштествуваш и повреден.


 Зар не си чул како е создаден човекот – како земјата постанала плот?


 Како се устроени нервите, како коските, како кожата, како жилите, како носот, како очите, како трепките, како усните, како јазикот, како градите, како рацете, како нозете, како срцето и сè друго?


 Ти никогаш не можеш да кажеш како си создаден – исто така, не можеш да кажеш како се уништува гревот: не прашувај како се случува тоа; не иследувај како се извршува; но верувај во чудото!


 Признај, дека си грешен – тоа е почеток за поправање: тажи, сочувствувај, насолзи, плачи!


 Не го направи ли истото и блудницата? Таа го зеде за раководител покајанието и дојде до спасението!


Свети Јован Златоуст


Comments