Шлаканица како одговор...

 Беше еднаш еден млад човек кој долго време живееше и студираше на западот.


Кога се врати побара од своите родители да му најдат некој духовник кој би можел да му одговори на три негови прашања…Родителите успејаа да му најдат еден старец.

Младиот човек: Кој си ти? Дали можеш да ми одговориш на моите прашања?

Старецот: Јас сум еден од Божјите слуги и со Негова помош ке можам да ти одговорам на твоите прашања.

Младиот човек: Дали си сигурен? Многу професори и експерти не можеа…

Старецот: Јас се ке дадам од себе со Божјата помош…

Младиот човек: Имам три прашања…

Прашање бр.1: Дали Бог постои? Ако постои, покажими го неговиот лик!

Прашање бр.2: Што е судбина?

Прашање бр.3: Ако ѓаволот е создаден од оган , зошто на крај ке биде фрлен во пеколот кој истотака е создаден од оган. Тоа нема да му наштети, зошто ѓаволот и пеколот се создадени од оган.
Дали Бог размисли за оваа?

Одеднаш старецот силно му удри шлаканица по лицето...Младиот човек почуствува силна болка.

Зошто се налутивте на мене?

Старецот: Не сум лут. Шлаканицата е мој одговор на твоите прашања.

Младиот човек: Не разбирам!

Старецот: Како се чувствуваш после шлаканицата?

Младиот човек: Осетив силна болка.

Старецот: Дали веруваш дека болката постои?

Младиот човек: Да!

Старецот: Покажи ми го ликот на болката!

Младиот човек: Не можам.

Старецот: Тоа е мојот одговор на првото прашање. Сите ние го чувствуваме присуството на Бога иако неможеме да го видиме неговиот лик... 

Дали вчера вечер сонуваше дека ке ти залепам шлаканица?

Младиот човек: Не!

Старецот: Дали некогаш помисли дека од мене ке добиеш шлаканица?

Младиот човек: Не!

Старецот: Тоа е судбина, мој одговор на твоето второ прашање... од што е направена мојата рака со која те удрив?

Младиот човек: Од месо.

Старецот: А твоето лице, од што е создадено?

Младиот човек: Од месо.

Старецот: Што почуствува после шлаканицата?

Младиот човек: Болка!

Старецот: Така е.Тоа е мој одговор на третото прашање, иако ѓаволот и пеколот се создадени од оган, ако Бог посака, пеколот ке бидне многу болно место за ѓаволот….


Comments